Маргиналните републикански медиуми шпекулираа речиси со секоја можна болест која им текнала, од Паркинсон и рак, до труење со радијација и афазија. Откако Клинтон се снеможе рано утрото на 11-ти, од нејзината кампања излегоа со соопштение дека таа прегреала за време на церемонијата.
Како што објаснува Калум Борчерс во Вашингтон Пост, на секој може да му се случи да му се сврти на 27 степени, "меѓутоа поголемиот проблем е таинствениот начин на кој кампањата на Клинтон се прави со инцидентот. Тоа е пристап кој сигурно ќе се покаже како поконтрапродуктивен отколку ако на новинарите им беше дозволено да ја отпратат Клинтон од церемонијата, или ако помошниците побрзо се справеа со нејзината состојба. Недостатокот на информации секогаш ги тера новинарите да се чудат дали зад тоа се крие нешто посериозно."
"Прегревањето на Клинтон само по себе не докажува ништо. Меѓутоа неволноста на нејзината кампања да биде отворена ќе ги натера луѓето во медиумите, кои претходно ги исмеваа тврдењата за здравствените проблеми на Клинтон, одеднаш истите да ги сфатат посериозно," пишува Борчерс.