Јапонски град бара кум

До сега се викаше Изумисано, од сега може да се вика како што ти ќе посакаш доколку дадеш најмногу пари на аукција.

Јапонскиот град одлучи да го смени своето името по желба највисокиот наддавач. Изумисано моментално должи над 1 милијарда долари на кредитори, во најголем дел заради инвестициите во изградба на патишта и друга инфраструктура до аеродромот.

"Градот потроши многу пари на изградба на патишта и инфраструктура, бидејќи аеродромот беше изграден релативно далеку од Изумисано," изјавил анонимен извор од локалната власт.

Понудите се прифаќаат до 30-ти ноември, меѓутоа до сега најголемиот дел од заинтересираните се тамошни жители. Пред почетокот на аукцијата, градските власти се надеваа дека ќе провлечат некој богата корпорација, со доволно големо его.

2 ноември 2012 - 09:25