Со ова финансиската помош ќе се чека плус уште неколку дена, а истовремено ова е прв пат во историјата чековите што ги праќа американската даночна служба да бидат со името на американскиот претседател. Вообичаено на овие чекови, кои во регуларно време служат за повраток на данок и слични исплати од државата кон граѓаните, не стои името на претседателот за таквите исплати да не изгледаат партиски.
Првичната желба на Трамп била и неговиот потпис да биде заедно со името, меѓутоа излезе дека по закон американскиот претседател не е овластен да го прави тоа.
Како дел од пакетот за помош на економијата од 2200 милијарди долари, сите Американци кои заработуваат помалку од 75.000 долари годишно ќе добијат чек од 1.200 долари, плус до 500 долари надомест ако живеат со деца до 17 години.