Сега истите овие луѓе кај се богати треба и сами да си чистат по дома или да си ги гледаат децата. Затоа што чистењето по дома и (правилното) гледање деца не се природни инстинкти кои се будат во моментот кога ќе фатиш метла или сликовница, богаташите се на дополнителна мака да мора ги учат овие вештини.
Поло енд Твид е компанија за регрутирање и обука на домашна помош, но затоа што периодов нема побарувачка по нејзината основна дејност, тие почнаа истите часови што им ги даваат на идните домашни помошници сега да им ги нудат на богаташите за да научат што треба да прават по дома.
„Нашите клиенти се многу вознемирени што не можат да се осигурат дека нивните домови ќе бидат чисти и средени и убави.
Имаме секакви, од клиенти што објаснуваат дека не можат да ја заменат сопствената ролна тоалет хартија и клиенти кои прашуваат ’како се пеглаат чаршафи со ластици, и како се мести кревет’, до поконкретни проблеми од типот ’како да извадам флека од кафе од џемперот’.
Сето ова се работи што тие никогаш порано не ги правеле. Ние сме тука и им даваме поддршка,“ изјавува ЦЕО-то на Поло енд Твид, Луси Челенџер.
Таа објаснува дека голема куќа во Лондон има 3 до 4 чистачки, додека поголем имот во околината на Лондон знае да има персонал од околу 50 лица. Замоците и кралскиот имот имаат уште повеќе од тоа.
„Ако имаш недвижност со 70 спални соби, веројатноста е дека остатокот од имотот веројатно има уште 150 до 200 простории, вклучувајќи ги сите трепезарии и кујни, шпаизи и тоалети,“ објаснува Челенџер која дополнува дека е невозможно еден човек да се грижи за сето тоа.