Се работи за околу 131.000 долари, кои ќе бидат поделени меѓу 207 семејства, по 50.000 рубљи (635 долари) од семејство, што треба да помогнат за нивните синови да се оженат како што е редот по исламските обичаи.
Парите ќе дојдат од фондацијата Кадиров, крстена по таткото на сегашниот владетел, која се верува дека вреди околу 77 милиони долари. Во 2015 имаше новински извештај според кој секој вработен во Чеченија е должен дел од својата плата да ја донира во Фондацијата.
Инаку, доминантно муслиманската Чеченија имаше воведно еден од најстрогите карантини во Русија, а некаде кон средината на април ги забрани и традиционалните муслимански свадби. Оваа забрана беше укината на 25 мај, кога беа дозволени свадби по нови правила, кои вклучуваат помал број на гости, поскромни прослави и дозвола за само две возила да го следат возилото на младенците.