Чалми пред Бакингемската палата

За прв пат во 180-годишната историја гардата на Бакингемската палата има член кој нема да носи една од оние надградените шубари.

Исклучокот е направен со влегувањето на 25-годишниот сик Булар во редовите на гардата, кој побара да носи турбан. Освен турбанот, на кој го има амблемот на својот полк, Булар се разликува од останатите членови на гардата и по тоа што носи брада.

На страна тоа што дел од војниците сметаат дека полкот и неговата традиција треба да биде поважна од верското убедување на Булар, тој е повеќе од задоволен со дозволата да се приклучи кон гардата.

"Среќен сум што ќе бидам првиот сик гардист на кој му е дозволено да носи турбан, посебно како член на Шкотската гарда. Полкот е полн со историја, како и мојата религија," изјавил Булар.

И претходно припадници на Сиките имаат служено во гардата, меѓутоа секогаш ги носеа традиционалните капи на полкот.

12 декември 2012 - 11:39