Се работи за 25.000 припадници на Националната гарда собрани од цел САД и испратени во главниот град по упадот во главното законодавно тело на земјата.
Овие 480 милиони долари не ги вклучуваат трошоците на градските власти на Вашингтон Д.Ц. кои итно ги распоредија своите полициски сили околу Конгресот неколку часа по почетокот на немирите.
Распоредувањето на Националната гарда (кое е најголемо во Вашингтон од времето на Граѓанската војна во САД) направи главниот град на земјата привремено да изгледа како воен камп, а големи делови од центарот на градот целосно беа затворени за пешаци и сообраќај.
Пентагон проценува дека околу 5.000 војници од Гардата ќе останат во Вашингтон до средината на март на барање на тамошната полиција.