Бразилскиот центар за истражување и спречување на авионски несреќи „во интерес на подобрување на авионската безбедност“ објави дека ќе се приклучи кон руската истрага на несреќата доколку биде поканет и ако вештачењето се спроведе по меѓународни правила.
Одговорот од руските колеги е дека не се заинтересирани за присуство на бразилскиот тим, ниту пак се должни да го поканат истиот. Ваквата одлука значи дека истрагата околу авионската несреќа нема да биде спроведена по меѓународни правила.
Бразилците се понудиле и далечински да учествуваат, без стапнување во Русија, што исто така било одбиено.
Руската одлука ја критикуваат и Американците според кои без учество на Бразил „секогаш ќе има сомнеж во внатрешна руска истрага.“
Иако руската истрага на несреќата е почната, тие се уште немаат споделено никакви детали околу можната причина.