Ако не можеш да го победиш, прогласи го мртов?

Сопственикот на дневниот весник Епл Дејли (од Хонгконг), Џими Лаи, доби посмртница на цела страна во конкурентскиот Ориентал Дејли. Да нема забуна првиов газда е жив, и цела редакција од кај овие вториве го знаат тоа.

Џими Лаи

Во посмртницата во името на Лаи еден карактер бил заменет со друг кој слично звучи, меѓутоа останатите биографски детали биле потполно идентични.

Било објавено дека Лаи починал на 7 август од СИДА и рак, и дека нема да се одржи погреб затоа што цела фамилија му била заразена од овие болести.

Лаи деновиве преку видео одговори на посмртницата порачувајќи дека му е "жал што ќе ги разочара" тие што мислат дека е мртов.

Од редакцијата на Ориентал Дејли одбиваат да коментираат кој го закупил огласот. Двата весника се ривали бидејќи Ориентал ја поддржува владата, а Епл ја критикува и има полиберални ставови.

16 август 2014 - 19:04