
Озборувањето некогаш е шпекулативно ама тоа не значи дека тоа е и "фабрички" неточно, а најголемиот дел од она што е карактеризирано како озборување всушност е споделување мислења, а не факти.
Во својата одбрана на озборувањето, Алана Масеј во Гардијан прави разлика меѓу зборување за нечии мани, недостатоци или карактерни особини и ширење на гласини или раскажување на нечии тајни. Ова второто таа го дефинира како "нарушување на довербата, што може да има сериозно влијание на нечија репутација или врска."
Таа го потврдува ставот дека озборувањето претежно е женска пракса, ама не затоа што жените не можат да се воздржат да бидат љубоморни или радознали, туку затоа што "реалноста е дека на жените паѓа најголемиот дел од товарот на одржување на врските во живот."
"Не ли доволно кажува тоа што не го сметаме за озборување кога женско на својата најдобра другарка и се жали за својата романтична врска, меѓутоа станува озборување кога таа за тоа зборува со другите свои пријатели? Ние им даваме доволно голема вредност на романтичните врски за да ни биде нормално што таа ќе сака да зборува во обид да ја спаси истата. Меѓутоа ако жена злонамерно зборува за некоја своја другарка или колешка, таа е само љубоморна. Ние не го земаме предвид фактот дека напредувањето во кариерата или одржување на квалитетно, одговорно пријателство може да е подеднакво вредно за неа како и задржувањето на партнерот," објаснува Масеј.
Една од опциите што ги имаме на располагање, ако не сакаме да озборуваме, е во лице да им кажеме на луѓето што ни пречи околу нив. Тука проблемот е што тоа троши многу време и енергија.
"Да се разбереме: луѓето се длабоко оштетени суштества. Ако ги потсетуваме на ова со постојани конфронтации тоа нема магично да ја подобри човечката состојба. Зборувањето за нашите пријатели, и нивните дечковци и нивната работа и нивната нова тетоважа, ни овозможува да се издуваме на побезбедно место отколку со директна конфронтација или осуда, а исто така ќе ни понуди и трето мислење кое може истовремено и да го валидизира нашиот став, но и да го потисне озборувањето. По мене, е многу поподмолно ако озборувањето му го повториме (раскажеме) на човекот на кој тоа се однесувало.
Прво, тоа е само уште еден начин на озборување. И уште полошо, пренесувањето на муабетот само го откорнува него од контекстот и емпатијата на оригиналниот разговор и го претвора во исечок од истиот. Ова е само начин да ја присвоиш приказната и себе си да се претставиш како морален столб," пишува Масеј, која најдлабоко верува дека и нејзините пријатели ја озборуваат зад грб, што и не и е важно се додека тие муабети не ја загрозуваат стабилноста на нивниот однос.
Текстот го завршува со цитат од Оскар Вајлд: "Ако има нешто повознемирувачки од тоа некој да зборува за тебе, тогаш тоа е никој да не зборува за тебе."