Орин Хеч е најдолгометражниот републикански конгресмен во историјата на САД и зад таа негова укотвеност на позицијата лежи една од причините поради локалниот весник Солт Лејк Трибјун му ја дал титулата: луѓето се надеваат дека некогаш ќе му текне да замине во пензија.
Едиторијалот за овогодишениот лауреат јасно наведува дека наградата му се дава на оној човек кој имал најголемо влијание врз животите на луѓето во Јута, „без разлика дали тоа влијание е добро или лошо“. Кај Хеч се работи за второто и уредништвото се надева дека ако на самиот политички баобаб не му текне да ја заврши кариерата, тоа мора да му го кажат граѓаните веќе на следното гласање.
Но, сенаторот очигледно не го прочитал целиот текст па побрза на Твитер да ја сподели веста за „престижната“ титула и да се заблагодари на укажаната чест и доверба.
Од неговите следачи брзо доби совет да го прочита текстот и да види за што всушност се работи:
Фина лекција за сите оние кои брзаат да споделат некоја содржина само затоа што насловот им се видел згоден.