Лажните вести за исламистичкиот камп сред Њујорк, и американските муслимани

Екстремисти се имаат инфилтрирано во САД, оформуваат муслимански зони во кои никој надворешен нема пристап и таму ги подготвуваат своите следбеници за герилска војна против Американците. Барем во тоа веруваат неколку дузини Американци што тргнаа да протестираат во Исламберг, малата муслиманска заедница во сојузната држава Њујорк.

Исламберг е оформен на почетокот од 80-те од црнци муслимани предводени од пакистанскиот свештеник Мубарак Али Гилани, кој своите следбеници ги поттикнува да го напуштат Њујорк, и криминалот, расизмот и сиромаштијата во него, и да започнат поедноставен рурален живот. Моментално има околу 250 жители и се простира на над 280.000 метри квадратни. Низ сите овие години Гилани беше цел на истрага на ФБИ, која покажа дека тој не бил вмешан во ништо нелегално, и редовно споменуван од Фокс њуз и останати десничарски медиуми за наводно учество и помагање на пакистански терористички групи. Вториве обвинувања упорно се повторуваат иако никогаш не се докажани, а и Гилани и неговиот портпарол отфрлаат каква било поврзаност и воопшто симпатии кон нив.

Од 80-те па се до нападите од 11-ти септември Исламберг има мирен соживот со соседите. Тогаш работите се менуваат па локалните власти се во постојана борба да негираат гласини и да докажат дека Исламберг не е тренинг кампа за терористи.

Фокс во 2007 и 2009 пишува дека локалната полиција нема никакви проблеми со жителите на Исламберг, за потоа да продолжат дека сепак нешто сомнително се крчка под површината. Во 2009, Ханити од Фокс објавува клип на кој наводно се гледа како задници поврзани со Исламберг организираат обука за герилска војна.

Во целата мешавина од вести, деманти и новинарско одење по жица, во април 2015 беше уапсен извесен Роберт Догарт, човек кој од почетокот на годината го разработува својот план за напад Исламберг, во кој има намера да ги запали тамошната џамија и училиште, дури и по цена да треба да убие или да го убијат.

"Ќе бидеме сурови со нив и ќе им ги запалиме куќите. Ако треба да вадиме мачети, ќе ги исечеме на парчиња," порачува Догарт во еден прислушуван телефонски разговор.

На почетокот од јули околу 50 американски "само-прогласени патриоти" тргнаа на "митинг за национална безбедност" во Исламберг:

 

1 август 2017 - 12:49