Долгот како доживотно ропство

Милиони Американци мечтаат да се ослободат од товарот на долговите и еден ден да се разбудат а никаде и никому да не должат ништо. Оптимизмот опаѓа.

Оваа година двојно повеќе Американци отколку лани не веруваат дека постои надеж до крајот на животот некако да се раздолжат. Секој петти Американец е уверен дека своите долгови ќе ги однесе в гроб.

Според истражувањето на CreditCards.com ваквиот песимизам во поглед на можноста за постигнување должничка слобода го делат луѓето со различни приходи.

Оние кај кои има надеж, во просек веруваат дека долговите ќе ги вратат до 53-тата година од животот. Подоцна, вербата опаѓа па разбирливо е што најмногу песимисти има меѓу они постари од 65 години.

Добро е што меѓу студентите, иако нивниот долг се повеќе расте, само 6 проценти живеат во очај дека никогаш нема да успеат да бидат слободни од долгови. Повеќето од нив веруваат дека ќе се отфитарат до 30 годишна возраст.

11 декември 2014 - 11:20