Во паркирано комбе во североисточна Сонора, регион кој граничи со американската Аризона, федералната полиција на Мексико открила габаритна базука од домашно производство која најверојатно служела или требало да служи за префрлање дрога преку границата.
На криумчарите на дрога од Мексико во САД не им недостасуваат идеи па досега имаат пробувано триста чуда: од копање канали, преку подводни транспорти до воздушни досетки.
Досега од сличен жанр како топот биле фаќани чатали и катапулти со кои преку границата се префрлуваат забранетите пакети кои некогаш тежат и до 30 килограми, за таму да бидат подигнати од јатаците.
Последново артилериско пакетче се состоело од воздушен компресор, бензиски мотор и метална цевка долга 3 метри. Комбето било напуштено и отворено па е нејасно дали топчето веќе ја завршило работата или пак како нашето, брзо се раскантало па го баталиле.