Чеченија собира хомосексуалци

Њујорк тајмс цитира руски извори по кои во Чеченија се спроведува масовна чистка на хомосексуалци. Портпаролот на Кадиров пак, вели дека не можеш да уапсиш некој кој не постои.

Над 100 хомосексуалци биле притворени а најмалку тројца се убиени од властите во Чеченија, пишува Њујорк Тајмс цитирајќи извор на руски јазик.

Извештајот на Новаја газета се потпира на неименувани владини и полициски извори а следува по неколку неделните гласини дека хомосексуалци мистериозно исчезнуваат од улиците на Чеченија.

Тивко биле апсени лица меѓу 16 и 50 години „во врска со нивната нетрадиционална сексуална ориентација или сомневање во врска со неа“.

А официјална Чеченија тврди дека во земјата - нема хомосексуалци. Портпаролот на Рамзан Кадиров демантираше дека имало какви било апсења или притвори на оваа тема.

„Ако такви луѓе и постојат во Чеченија, силите на безбедност не мора да се ангажираат околу нив бидејќи самите нивни семејства и роднини ќе им покажат каде им е местото“, изјави портпаролот Алви Каримов.

3 април 2017 - 11:54