Неговиот текст содржи контроверзни поенти, но ги отсликува и сложените и често парадоксални аспекти кои ги предизвикува ова прашање. Еве некои од неговите ставови, заедно со коментарите кои ги додал откако почнале да пристигнуваат бурните реакции:
Не мислам дека Израел треба да постои како еврејска држава. Мислам дека тоа е неморално, нерационално и без оправдување, да постои држава организирана врз база на религија. Не ја промовирам идејата дека постои еврејска татковина на Блискиот исток. Секако не поддржувам какви и да е еврејски права на недвижнини базирани врз Библијата.
Бранејќи ја својата територија, владата на Израел и самите Израелци направија ужасни нешта. Тие предизвикаа масовни згаснувања на невини животи. Во последниве неколку недели во Газа се убиени повеќе цивили отколку војници. Ова не изненадува со оглед на тоа што Газа е едно од најгусто населените места во светот...Но какви и ужасни работи да имаат направено Израелците, вистината е дека тие се имаат повеќе воздржувано во нивната борба против Палестинците отколку ние - Американците, или западно-Европејците - во која и да е од нашите војни. Израелците имаат претрпено поголема јавна осуда од кое и да е друго општество кое се бранело од агресори. За Израелците едноставно важи поинаков стандард. И осудата која им се упатува од остатокот од светот е целосно непропорционална во однос на она што тие го имаат направено. (Забелешка: Ова не значи дека затоа што се повнимателни од нас кога најмалку внимаваме, тие не се подложни на критики. Воени злосторства се воени злосторства.)
Секако, нема друг начин да се гледаат сликите од Газа - особено на деца и новороденчиња убивани од шрапнел - и да се мисли што и да е друго освен дека ова е монструозно зло. Се додека Израелците се предизвикувачи на ова зло, изгледа невозможно да се брани нивната страна. Нема причина да се сомневаме дека Палестинците ужасно страдале со децении под окупацијата. Тука повеќето критичари на Израел изгледа дека заглавуваат. Тие ги гледаат овие слики и го обвинуваат Израел за убивање и сакатење бебиња. Би рекол дека ова е морална илузија, резултат на неспособноста да се погледне во вистинските причини на овој конфликт, како и неспособност да се разберат намерите на луѓето на обете страни. (Забелешка: Не реков дека хоророт на убивање деца е морална илузија; ниту пак го минимизирав страдањето на Палестинците. Само тврдев дека Израел не е единствената страна која треба да се обвинува за ова страдање)
Сепак, тој вели дека помеѓу двете страни постои разлика, или попрецизно „очигледна, неспорна и високо консеквентна морална разлика помеѓу Израел и неговите непријатели". Израелците се обиколени од луѓе кои имаат експлицитно геноцидни намери кон нив:
Што би им направиле Евреите на Палестинците доколку би можеле да прават што сакаат? Па го знаеме одговорот на тоа прашање, затоа што тие веќе можат да направат повеќе или помалку се што сакааат. Изралската армија би можела да ги убие сите во Газа уште утре. Што значи тоа? Значи дека кога тие ќе фрлат бомба на плажа и ќе убијат четири палестински деца, како што се случи минатата недела, тоа речиси сигурно е несреќен случај. Тие не целат на деца. Тие можат да целат на онолку деца колку што сакаат. Секој пат кога ќе умре палестинско дете, Израел доаѓа поблиску до работ на станување меѓународен грешник. Оттаму, Израелците многу внимаваат да не убијат деца и други цивили. („Оттаму" во последната реченица беше погрешно употребено. Не сакав да сугерирам дека зачувувањето на неговата меѓународна репутација би требало да биде единствената (па дури ни примарната) причина за Израел да одбегнува да убива деца. Сепак, поентата стои: Дури и да има најлоши мотиви, јасно е дека на Израел не му е во прилог да убива деца)
На крајот, тој заклучува:
Што сакаат групите како ИСИС и Ал-Каеда, па дури и Хамас? Тие сакаат да ги наметнат нивните верски гледишта на остатокот од човештвото. Тие сакаат да ја угушат секоја слобода која чесните, образованите и секуларните луѓе ја ценат. Ова не е тривијална разлика. Па сепак, базирано врз обемот на осуда врз Израел во моментов, би сметале дека работата е обратна.
Овој вид забуна е опасен за сите нас. Ова е големата приказна на нашето време. До крајот на нашите животи, и до крајот на животите на нашите деца, ние ќе бидеме соочени со луѓе кои не сакаат да живеат мирно во секуларен, плуралистички свет, затоа што очајно сакаат да стигнат до Рајот, притоа уништувајќи ја секоја можност за човечка среќа. Вистината е, ние сите живееме во Израел, Само некои од нас се уште го немаат сфатено тоа.
Целиот текст тука