„Пораката Заедно и сè е можно, има за цел да не потсети на значењето на насмевките и поддршката меѓу соседите, на убавината на маалската дружба, важноста на добрината и грижата што си ја покажуваме едни на други. Прославувањето на овие моменти е всушност сржта на Скопско како бренд.“, велат од Пивара Скопје.
Дополнителна тежина на приказната и дава ликот на главниот протагонист на спотот, легендата на македонското спортско новинарство Атанас Костовски, со кој многу генерации споделуваа заеднички спортски победи и порази. Во ваква историска фудбалска година тоа само ни потврдува дека среќата и успехот се уште посилни кога ги споделуваме со луѓето околу себе, а полесно се носиме со поразот кога сме заедно. Секој од нас може да направи да ни биде убаво, да биде подобро и да го постигнеме дури и она што е невозможно.
Погледнете го новиот видео спот на Скопско.
(Комерцијален текст)