
Во рамките на проектот на АМСМ, „ВРТИ БЕЗГРИЖНО“ чија цел е зголемување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, минатата недела, на различни локации на територијата на град Скопје, беа поставени пет сервисни станици за велосипеди.
Сервисните станици располагаат со воздушна механичка пумпа, хекс клучеви, штрафцигери, конусни клучеви и друг ситен алат за проверка и поправка на ситни дефекти на велосипед.
Во соработка со локалната бизнис заедница, која со големо задоволство отстапи дел од сопствениот простор, вело сервисните станици се лоцирани на следните локации:
- Пред АМСМ во општина Центар;
- Пред CITY MALL во општина Карпош;
- Во „FOUR“ (хотел „ПАРК“) на кеј во општина Центар;
- Пред хотел „РУСИЈА“ во општина Аеродром; и
- Во следниот период и пред „VERO JUMBO“ во општина Центар.
Проектот „ВРТИ БЕЗГРИЖНО“ започна со воведување на АМСМ ВЕЛО членска картичка за бесплатна помош на пат и пренос на велосипед на територијата на град Скопје, до 20км на градско подрачје. Проектот продолжи со отварање на сервис за велосипеди во рамките на АМСМ Центар – Скопје, а сега со истиот поставени се и петте вело сервисните станици на различни локации низ градот.
Како единствена мобилити членка на FIA, проектот на АМСМ е поддржан и се реализира со помош на FIA Foundation и FIA Road Safety Grant Programme.
(Комерцијален текст)