Програма за едукација и превенција на очни компликации од дијабетесот

Систина Офталмологија во партенрство со дијабетичарите во борбата за видот

„Во нашиот фокус се и остануваат пациентите . Преку едукативни активности и превентивни методи , сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес “ ,  изјави Златко Арнаудовски .

Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари,  ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите,  кои имаат дијабетес . Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри  лекувањето и да се зголемат позитивните искуства,  на пациентите со дијабетес.  

„ Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство,  сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари , со кои што потпишавме меморандум за соработка.   Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес.  Во спротивно,  може да дојде до сериозни медицински компликации , предизвикани од болеста“, изјави медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

(Комерцијален текст)

13 јануари 2023 - 10:37