Премиум Ауто Зентрум

Премиум Ауто Зентрум  пред една година направи еден голем и одлучен чекор напред, менувајќи го концептот на работа, од импортер во директна врска со принципал, до самостоен мулти бренд продажен центар за нови и користени автомобили.

Не случајно ги употребив изразите голем и одлучен. Голем бидејќи не се промени димензијата на работење во однос на користење на корпоративен капитал со кој се акумулира лагер на автомобили кои се во кореалација на поставените критериуми. Одлучен бидејќи периодот на почеток со работа беше серозно неповолен од економски фактори и да не заботавиме дека на овој бизнис влијаеше и неповолната политчка состојба во земјата.

Денес кога веќе една година е зад нас, време е да извлечеме заклучоци од сето тоа што го направивме и секако научивме во периодот. Секој почеток се базира врз план кој дава подговка за насоките во работата но сепак планот е само теорија. Можам да потврдам дека нашиот план и предвидувања во целост се потвдија како точни.

Накратко ќе ве потсетам за концептот кој го поставивме. Иако анализите дадоа информација дека пазарот на употребувани автомобили е обемен, нашиот став беше да се позиционираме во најмалата група на понуда.  Најлесно е да се искористат сите бенефиции кои ги даваат минималните критериуми врз основ на кои 90% од употребуваните автомобили се набавуваат и продаваат во Македонија. Но ние ги најавивме критериумите врз кој основ ке работиме и од тоа нема одстапка.

  • Органичивме старосна граница во просек 3 години
  • Ограничивме изминати километри
  • Утврдивме состојба на автомобилите која треба најдобра во однос на останатите понудувачи
  • Утврдивме критериум на ниво на опременост кој треба да е во горната половина на вклучени опции

Ова се нашите критериуми за премиум автомобили, не е само името на брендот.

Тоа едноставно значи дека ние почнавме да го пробиваме ледот, и да го подигнуваме критериумот за начин на работење со користени автомобили. Но не се работи само за подобрите услови за продажба и сервисирање туку име нешто што овие 7 години се запостави од страна на институциите надлежни за тоа. Наважен фактор кој нашите автомобили го имаат е, безбедноста и еколошката прифатливост. Тие две карактеристики се само резултат на испонување на 4 те критериуми кои ги утврдивме. Еколошкита прифатливиост е на ниво од ЕУР 5, а техничката состојба на автомобилот се утврдува контролира детално. Резултат проверени и квалитетни автомобили а клиентот задоволен.

Оваа година очекуваме да ја завршиме со 75 продадени автомобили, во која се вклучени сите брендови од понудата, сепак најзадоволни сме од интересот за брендот особено моделот Ранге Ровер, каде бевме и останавме препознатливи за кој има континуиран голем интерес. Воедно направивме и филтрација кај моделите во однос на категоријата и моторите кои нашиот купувач ги бара, за тоа беше потребено време како би се извадиле заклучоци.     

Вклучивме финансирање поддржано од банка која го препозна потенцијалот на нашата понуда и не прати континуирано. Поддршката од нашите останати фирми кои имаат услуги директно поврзани со автомобилите , ЕОС Брокер, Бош дизел центар,  исто така дадоа допринос за професионалниот пристап и третманот на клиентите. Докажавме дека со формулата на пристапни цени во врвни технико технолошки услови за сервисирање, така да контрадикцијата на врвни услови но виски цени односно лоши услови а ниски цени кај нас е невозможна. Тука имаме врвни услови со пристапни цени.   

Развоен план. Развојот на секој бизнис е базиран на внатрешни и надворешни фактори. За внатрешните фактори имаме директно влијание и се контроливи, тука сме ние одговорни. Концептот продолжува со зголемен интензитет во понудата, и планот ќе се зголеми за 20- 25% од годинешниот. Што се однесува на надворешните фактори кои влијаат на развој, имеме оптимистички став дека во оваа нова структура на институциите кои се одговорни за воведување на законски регулативи, ке се создадат нови квалитетни услови за развој на бизнисот како на употребувани така и на нови автомобили. Главниот бенафит е за корисникот на услугата, нашиот клиент. Во организиран систем на работа при набавка според важеки регулативи кои ке бидат на повисоко ниво од сегашните, спроведување на темелна техничка контрола на автомобилите, имаме одговор за безбедноста и за заштита на нашата животна средина.

Ние ке ја подджиме таа иницијатвива и ќе ги охрабриме сите фирми кои имаат цел да се бават со импортерски бизнис да ја примената нашата форма на работа не само во премиум туку и во останатите категории на автомобили, каде понудата ке се искристализира со квалитет а ќе се редуцираат имиџ автомобилите со одамна изминат рок на траење, кои само прават штета на околината и учесниците во сообраќајот. И ке бидеме сите одговорни и ќе придонесеме за обновување на возниот парк во Македонија.

(комерцијален текст)

20 ноември 2017 - 09:02