
Palma Mall започна како мал бизнис-центар, а со напорна работа и труд во 2014 година прерасна во најголем трговски центар во Западна Македонија. Распространет на 32.000 м2, тој е втор по големина трговски центар во Македонија. Граден по светски стандарди, овој урбан и модерен објект располага со огромен број светски познати брендови, како и голем број домашни компании, со што купувачите имаат избор од различни продукти за секој сегмент од секојдневието. Palma Mall има над петстотини вработени кои се во редовен работен однос, а целта е во иднина бројот да биде многу поголем. Со текот на годините, сѐ повеќе се зголемува популарноста на трговскиот центар, а воедно и заинтересираноста на потрошувачите.
Palma Mall во моментов повторно се проширува поради големиот интерес од странски фирми и компании, меѓу кои големи и средни корпорациски фирми. Palma Mall веќе има склучено преддоговори со неколку големи странски популарни брендови. Некои од нив за првпат ќе бидат отворени токму во Palma Mall, а наскоро ќе бидат и јавно објавени.
Инвестициите повторно се прават преку добро позиционирани македонски компании специјализирани во областа на градежништвото.
Трговскиот центар се шири брзо и интензивно. Сите што сакаат да го посетат најголемиот трговски центар во Западна Македонија, наскоро ќе имаат можност да го видат поголем и поуспешен од кога било, со поголем и стандардизиран паркинг-простор, уреден парк и простор за рекреација. Од отворањето, па сѐ до денес Palma Mall се труди да ги исполни сите очекувања на клиентите и на закупците кои го одбрале овој трговски центар за своите компании. За долгогодишното постоење на трговскиот центар и неговото постојано усовршување придонесуваат и соработките со NEW WAY - агенција за управување со недвижности, Apriori Communications - агенција за маркетинг и односи со јавноста и архитектонската куќа DSC Design.
Упорноста е вистинскиот пат до успехот и сигурни сме дека оваа успешна приказна нема да застане тука и ќе се стреми кон поголемо зголемување на просторот, работата, интересот и задоволството на купувачите.
(комерцијален текст)