Со цел да им го разубави токму овој значаен ден кој го истакнува значењето на млекото во детската исхрана, компанијата приреди супер забава со бројни изненадувања и активности за сите деца под грижа на СОС. Препознатливото Битолско чупе заедно со дел од вработените во „Бимилк“, во текот на тричасовниот настан си играа со децата, се дружеа и стекнуваа нови пријателства, истовремено учејќи ги дека уште од мали треба да имаат здрави навики и редовно да пијат млеко. Тие беа главните актери на настанот од кои децата не можеа да се оттргнат. Возбудата продолжи понатаму кога на ред дојде магионичарското шоу и жонглерите кои предизвикаа многу смеа, но и куклената претстава која сите со воодушевување ја гледаа.
„Бимилк како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој, со нашите производи пораснаа безброј генерации. Токму во годината кога одбележуваме 65 години работа во Македонија, сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме компанија која се грижи за добросостојбата на сите, особено на ранливите групи. Донациите се во темелот на нашето корпоративно делување, меѓутоа она што навистина нè поттикнува да не забораваме на вистинските вредности, се токму насмевките на децата, можноста да го разубавиме нивното секојдневие и што повеќе радост во нивните срца. Денот на млекото е само повод и потсетување за нашата долгорочна и искрена солидарност кон овие групи граѓани“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.
„Бимилк веќе станува наш долгогодишен партнер и навистина ми е драго што тие умеат да ги препознаат и задоволат нашите реални потреби. Со оваа количина ние всушност ги обезбедуваме секојдневните потреби од млеко за целата година, а особено сум среќна што нашите деца истовремено имаа прилика да поминат квалитетно време со пријателите од оваа компанија“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.
Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории.
(комерцијален текст)