Американската комисија за телекомуникации со децении е задолжена да го следи развојот и достапноста на брзиот фиксен интернет во домовите на американските граѓани. Истовремено, има право дококу процени дека проектот не оди со задоволително темпо, да наложи остранување на инфраструктурните бариери и да предлага мерки за охрабрување на конкуренцијата.
Во ерата на Буш заклучуваше дека брзиот интернет се шири со задоволително темпо, во времето на Обама забележи забавување на процесот, лани заклучи дека на Американците каскаат и кај фиксниот и кај мобилниот.
Во последниот извештај пак, ФЦЦ сугерира дека еден од овие два таргета можеби е непотребен и дека можеби е доволно да се фокусира на брзината и пристапноста на мобилниот интернет. Извештајот не содржи конкретни одлуки туку само ги издвојува новите дилеми, дали Фиксниот и мобилниот интернет и во иднина треба да се анализираат посебно.
За првпат комисијата утврди и минимална брзина на мобилниот броденд која ја постави на 10 мегабита, што е повеќе од двојно побавно од бенчмаркот за фиксен бродбенд (25Mbps/3Mbps).
Не сите се согласуваат со ваквите најави за маргинализирање на Фиксниот бродбенд интернет бидејќи мобилниот не може да биде комплетна замена за него. Точно е дека бројот на корисници на мобилен интернет постојано расте но дел од таквиот раст се должи и на неможноста да се добие брз интернет за по дома.