За тоа што има помалку сок, криви се фрижидерите?

Некој приметил дека новите шишиња на сокови кои ги полни Књаз Милош, наместо досегашните 0,5 литри, имаат 0,475 милилитри сок. Компанијата вика дека со новиот дизајн и стариот волумен од 0,5, соковите не би ги собрало во витрините. Хехе.

Трендот да се намалува содржината на прехрамбените производи а амбалажата да остане иста или речиси иста, од чоколадите и кексите премина на сокови и вода.

„Ми беше смешно ама и ме изнервира кога забележав дека шишенцата од соковите Ремикс кои ги полни Књаз Милош, немаат 0,5 туку 0,475 милилитри. Каде ли исчезнаа оние 25 милилитри! А не гледам дека таа нова амбалажа и намалување го следи и пониска цена. Напротив, соковите на светски познати произведувачи, газирани и со вкусови како овие, во поголеми шишиња се поевтини од нашиов“, вели белграѓанката Ивана Тодоровиќ за Новости.  

Од Књаз Милош пробуваат да ја убедат јавноста дека за оваа промена криви се - фрижидерите. Тие сакале да имаат поелегантно шише со подолг врат а кога би се задржал стариот волумен, таквите шишиња не би ги собрало во фрижидерите и витрините. 

Од тамошното движење за заштита на потрошувачите велат дека со ваквиот тренд на намалување на нето масата а задржување на истата или речиси истата амбалажа, корисниците биваат измамени бидејќи ја очекуваат вообичаената количина.

„Веројатно нема многу луѓе кои секое шишенце или пакување ќе го исчитаат од почеток до крај па да проверат дали случајно масата сега е помала од порано. Трговците и фирмите играат на таа карта,“ вели Петар Богосављевиќ.

Според него, станува збор за картелско договарање во кое произведувачите во циклуси преминуваат на помали маси, што веќе им се случи и на млечните производи и на лебот.

2 јуни 2021 - 13:28