Ворен Бафет даде отказ во Гејтс фондацијата

Не се знае дали Мелинда и Бил се расправале пред него, или Бил му кукал околу разводот, ама Ворен Бафет повеќе не е дел од фондацијата само неколку седмици откако Гејтсови објавија дека се развеле.

Бафет, членува во 5 непрофитни организации во кои вети дека ќе го подари најголемиот дел од своето богатство проценето на над 105 милијарди долари. Гејтс фондацијата беше единствена од овие пет која не беше управувана од член на семејството на Бафет.

Еден од најбогатите луѓе на светот до сега има донирано 41 милијарда долари во петте организации, а денес донираше дополнителни 4,1 милијарди.

Заминувањето од Фондацијата Бафет го поврзува со неговото давање отказ во сите корпоративни бордови во кои служи, освен во Беркшир.

Бил и Фондацијата периодов минуваат низ ПиАр кошмар откако по разводот почнаа дополнително да се трубат информациите за неговото дружење со Епстин и за наводното недолично однесување кон жени кои работеле во Микрософт и во Фондацијата.

23 јуни 2021 - 15:16