Во милион фунти, одма

Првиот човек на Бритиш Ервејс: кај и да е, ќе го купат Вирџин Атлантик и тоа најверојатно ќе биде крај на овој бренд. Ричард Брансон: ај јас и ти по милион фунти да ставиме, а?

"Ваквото размислување е тотално погрешно. Дали Бритиш Ервејс еднаш ќе научи? Ај да видиме колку веруваат во тоа што го зборат. Последниот пат кога ширеа лаги за мене, судската оштета ја поделив меѓу персоналот. Наместо да ги тужам нив, сега сум спремен да му платам 1 милион фунти на нивниот персонал. Ако не, тогаш Бритиш Ервејс да плати 1 милион фунти на моите вработени," пишува Брансон, кој се клади дека барем во идните 5 години Вирџин Атлантик нема да пропадне.

Моментално Делта Ерлајнс преговара со Синагпур Ерлајнс за купување на нивниот удел во Вирџин Аталнтик. Според Блумберг Њуз, Делта е близу потпишување на договор според кој треба да плати меѓу 300 и 500 милиони долари за 49-процентниот удел на Сингапур Ерлајнс во Вирџин Атлантик. Со ова, Делта сериозно би го зголемила своето присуство на Хитроу, еден од најфреквентните аеродроми во светот.

Зборувајќи за целата ситуација, првиот човек на Бритиш Ервејс, Вили Валш, изјави дека не верува дека Вирџин Атлантик би го преживеал евентуалното преземање и дека Делта најверојатно ќе ја припои компанијата.

"Не ме се верува дека Делта би управувала со брендот Вирџин. Делта веруваат дека тие се број 1 авиолинија во светот," беше изјавата на Валш што го изнервира Брансон.

11 декември 2012 - 15:27