
Совршено симетричниот дизајн со рамни рабови им дава на уредите префинет изглед, каде што двојната „шина“ на преклопните шарки сега е поддржана со зајакнат преклопен раб. Истовремено овие уреди се произведени со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Двата уреди се напојувани од Snapdragon® 8 Gen 3 мобилната платформа за Galaxy, најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, кој го спојува најдоброто од централната, графичката и невронската процесорска единица, правејќи ги исто така идеални гејминг уреди.
Нов свет на можности со Galaxy AI
Со функциите напојувани со вештачка интелигенција, Galaxy AI* го внесе мобилното искувство во нова ера отклучувајќи свет со полно нови можности. Galaxy Z Fold6, и генерално фолд моделите, често пати се нарекуваат совршените асистенти за продуктивност, со кои работните обврски лесно се извршуваат кога сте во движење. Сето тоа сега е уште поусовршено благодарение на бројните ВИ перформански кај овој телефон до кои се стигнува многу лесно и брзо, а големиот екран од 7,6 инчи кога е отклопен, е поинтелигентен од било кога досега, нудејќи уште поголема инспирација за креирање. Galaxy Z Fold6 исто така нуди мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведеување во реално време, hands-free интерпретатор, како и алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат вашиот лаптоп, и секако таблет. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.
Кај Galaxy Z Flip6, чиј целосен дизајн го прави особено модерен и привлечен, највпечатливата карактеристика останува да биде неговиот надворешен екран Flex Window, кој овој пат донесува бројни и нови опции за персонализација напојувани од вештачка интелигенција. Телефонот, кој двојно ја намалува својата величина кога е преклопен и кој ќе застане без проблем во предниот џеб од вашите фармерки, поседува ултра-модерен изглед, ВИ функции скоро исти со Galaxy Z Fold6, но и многу повеќе опции за виџети и фантастични перформанси на камерите од невозможни агли, вклучувајќи подобрена Nightography, Super HDR и уште многу други. Новите 50-мегапиксели широки и 12-мегапиксели ултра-широки сензори носат подобрено искуство во фотографирањето, со јасни и остри детали на сликата. Новиот сензор од 50-мегапикселен сензор поддржува двојно зумирање за снимки без бучава, како и AI зумирање за напредно искуство со фотографирање со зголемување до 10x. Galaxy Z Flip6 доаѓа во нијансите на сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.
Безбедноста на вашите податоци на највисоко ниво
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се обезбедени од Samsung Knox, повеќеслојна безбедносна платформа развиена за заштита на осетливи информации и корисничките податоци од потенцијални закани, благодарение на препознавањето закани на хардверско ниво и заедничката заштита. Долговечноста на уредите е поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни надградби.
Поврзан паметен дом
Управувајте со сите апарати во вашиот дом од екранот на вашиот Galaxy Z Fold6 или Galaxy Z Flip6, но и од друг Galaxy телефон со помош на SmartThings апликацијата со која можете да ги поврзете памените апарати и останати уреди од вашиот паметен дом и од телефонот да ги давате потребните наредби. И сето тоа благодарение на силната посветеност на Samsung максимално да го олесни животот и секојдневните обврски на своите корисници и да им овозможи повеќе слободно, релаксирано и драгоцено време.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.
(Комерцијален текст)