
Јенс Нордвиг е дански економски експерт и ЦЕО на Ексанте Дата, аналитичка компанија која обезбедува најразлични детални анализи на инвеститори низ цел свет.
Јенс зборува со Блумберг во контекст на парите што американските власти планираат да ги искористат за живнување на економијата и се движат меѓу 700 и речиси 1.000 милијарди долари.
Ставот на Јенс е дека поврзаноста меѓу печатењето пари и инфлацијата е мит кој опстојува само затоа што го има во сите можни учебници, и дека инфлацијата многу повеќе ќе зависи од други фискални политики кои ќе бидат донесени и употребени.