iБанка на годината

Доколку Apple реши да отвори банка, би можела инстатно да добие 37 милиони корисници, и тоа само во Велика Британија и САД. За споредба, банкарскиот гигант Bank of America постои од 1904-та година, работи во 40 држави и има 50 милиони корисници.

Импозантната бројка е добиена откако резултатите на една обемна анкета во овие две држави за тоа дали на компанијата Apple би и ги довериле и своите пари се пренесени на целокупната популација на овие земји.

Имено, дури 43 проценти од испитаниците кои се веќе корисници на производи или услуги на Apple изјавиле дека би ги префрлиле своите пари во банка формирана од оваа компанија.

Од нив, две третини би го сториле тоа заради довербата во фирмата а 50 проценти тврдат дека во таа банка многу полесно би раководеле со своите сметки и финансии.

Угледната консултантска компанија КАЕ која стои зад истражувањето оценува дека ваквата доверба е неверојатно екстремна и дека со вакви податоци, Apple би се претворил во најпрофитабилна банкарска институција во последно време.

Единствена утеха на останатите светски банкари што никој во Apple никогаш досега не најавил планови за отворање банка.

23 март 2012 - 22:58