Неколку месеци по продажбата, деновиве Бафет прв пат проговори за неговата одлука да ги продаде акциите во ТСМЦ кои ги купи само неколку месеци претходно за 4,1 милијарда долари.
На кратко причината што ја кажува Бафет за повлекување е: ТСМЦ е добро менаџирана компанија но Беркшир има подобри места каде да го вложи својот капитал.
Одлуката на Бафет да ги продаде акциите се актуелизира периодов паралелно со зголемувањето на тензиите во регионот.
Инаку ТСМЦ е една од клучните компании за глобалната економија, и Тајван ја смета за својот „силициумски штит“ против потенцијална воена инвазија на Пекинг. Стравот е дека Бафет не го дели истото мислење.