Таг: зинедин зидан

Синовите на Зидан се множат во Кралскиот тим

Фудбалската династија Зидан се чини дека нема крај. Откако по стапките на својот татко тргнаа тројца негови деца, академијата во Реал се прошири со уште еден млад член од семејството на славниот татко кој во моментов му е асистент на Карло Анчелоти.

Катарците купуваат и фудбалски споменици

Откако си купија Светско првенство, фудбалски легенди, клубови, тренери и играчи, Катарците почнаа да купуваат и фудбалски статуи. Познатата „Удар со глава" статуа на Зидан и Матераци се пресели во Доха.

Трансферите кои останаа само “пуста“ желба

Напаѓачот на „Кралевите" Гонзало Игуаин беше на чекор до Арсенал, но Наполи излезе како победник во трката, ПСЖ ги победи конкурентите за услугите на Кавани, а Реал Мадрид ја изгуби битката за Нејмар. Еве дел од преселбите на супер ѕвездите кои требаше да се случат во минатото.

Тајните мечеви на Зидан на паркинзите во Торино

Славниот француски фудбалер кој како помошник на Анчелоти во Реал Мадрид заплива во тренерските води, има многу што да раскаже за неговото минато во Италија. Популарниот Зи Зу се потсетува на другата страна од фудбалот од времето кога додека настапувал за Јувентус.

Статуата со Зидан и Матераци се сели во Италија

Делото на алжирскиот скулптор кој го овековечи ударот со глава на славниот француски фудбалер во градите на Матераци од наредниот викенд ќе биде поставен на познат историски плоштад на чизмата.

Широките срца на фудбалерите

Кариерата им трае околу 15 до 20 години, парите кои ги заработуваат за тоа време се енормно големи, па без проблем си дозволуваат разни луксузи и авантури. Но тука не завршува приказната за фудбалските ѕвезди кои имаат милиони. Некои од нив знаат многу добро како да помогнат.

Првиот клуб на Зидан е пред згаснување

Францускиот фудбал ќе изгуби влијателен клуб од каде потекнуваат многу познати француски фудбалери доколку за 6 дена не пронајде 1,2 милиони евра за да се спаси од банкрот.

Легендите на Реал и Јуве како во старите времиња

Сантијаго Бернабе беше домаќин на хуманитарен натпревар помеѓу пензионирани фудбалери од редовите на Реал Мадрид и Јувентус. Мечот заврши 2:1 за „Кралевите“, а публиката имаше чест да ги види од една страна Фиго, Мориентес, Роберто Карлос, Редондо, а дел од играчите на „Старата Дама“ беа Ферара, Монтеро, Давидс, Југовиќ, Недвед. Зидан и Канаваро играа за двете екипи, а еве кој не заборавил да игра фудбал.

Варан не отиде во Мадрид за да биде молер

Кога Зинедин Зидан го донесе младиот Рафаел Варан во Реал Мадрид, многумина го критикуваа овој трансфер, но на крајот во право испаднаа оние кои веруваа дека Варан не премина во Мадрид само за да ги молерисува соблекувалните.

Роналдо го победи Зидан

На пријателски натпревар со хуманитарен карактер помеѓу екипи предводени од две легенди, Роналдо и Зинедин Зидан, победи екипата на Бразилецот со 3:2.

По стапките на тато Зинедин

Енцо Фернандез има 17 години и е најстар од четирите синови на Зинедин Зидан. Тој игра за младинците на Реал Мадрид и со гол на натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека има потенцијал да биде наследник на неговиот татко.