Дејвид Бекам во Барселона
Кога Сер Алекс Фергусон со копачка му ја пукна аркадата на Бекам во соблекувалната на Олд Трафорд по поразот во ФА Купот од Арсенал, деновите на фудбалската икона во Манчестер веќе почнаа да се бројат.
Хуан Лапорта вети дека доколку победи на претседателските избори во Барселона ќе го доведе Дејвид Бекам на „Камп Ноу", но и покрај тоа што „Црвените ѓаволи" ја прифатија понудата од Каталонците од 25 милиони фунти, тој не сакаше никому да му биде предизборно ветување. По само неколку недели заврши во Реал Мадрид.
Стивен Џерард во Челси
Иако во детските денови растел како навивач на Евертон, Стивен Џерард е неразделен од својот клуб Ливерпул почнувајќи уште од младинската академија. Во 2004 година англиските медиуми објавија дека тој ќе премине во Челси за сума од 30 милиони фунти, но фановите почнаа со закани кон неговата фамилија.
По една година тој изјави дека сака да го напушти „Енфилд Роуд", а клубот ја потврди новата понуда од Лондон од 32 милиони фунти. Но наредниот ден ја промени својата одлука и прифати нов договор со Ливерпул за неделна плата од 100.000 фунти.
Златан Ибрахимовиќ во Арсенал
Шведскиот напаѓач додека на 16 годишна возраст беше член на Малмо требаше да направи трансфер во Премиер лигата во екипата на Арсенал со чиј дрес има направено и фотографија во Лондон.
Но договор не падна затоа што Арсен Венгер побара Ибрахимовиќ најпрвин да дојде на проба, а тој одби. Популарниот Ибра потоа кариерата ја продолжи во Ајакс каде два пати стигна до шампионската титула и од каде успешно ја градеше карерата.
Диего Марадона во Шефилд Јунајтед
Само 40.000 фунти му недостасуваа на англискиот клуб за да направи сензационален трансфер на островот. Менаџерот Хери Хаслам се обиде да го купи 17 годишниот тинејџер Диего Марадона за сума од 160.000 фунти, но неговата цена беше 200.000.
Парите потоа ги инвестираше во напаѓачот од Ривер Плејт, Алекс Сабела кој даде само 8 гола на 76 натпревари.
Зинедин Зидан во Блекбурн
Во сезоната 1994/1995 екипата на Блекбурн и се радуваше на шампионската титула во Премиер лигата, а во летниот трансфер период тренерот Кени Далглиш побара од управата да купат едно талентирано момче од Бордо кое се вика Зинедин Зидан.
Сопственикот на клубот Џек Вокер му одговорил: Зошто сакаш да го купиме Зидан, кога во тимот го имаме Тим Шервуд? И ете тоа било причината зошто тогашниот шампион на Англија го пропуштил мајсторот за фудбал.