Неславниот крај на Зидан (2006)
Еден од најдобрите француски фудбалери на сите времиња, на својата селекција и го донесе Златниот пехар во 1998 година. По осум години повторно имаше можност да го повтори истиот успех, но не ја издржа провокацијата на Марко Матераци кој упати погрдни зборови за неговата сестра. Славниот Зи Зу му врати со удар поради кој потоа доби и статуа, а кариерата ја заврши со црвен картон во финалето во Германија 2006.
Натпревар за живот или смрт (1994)
Колумбијците имаа големи очекувања од својата земја на Мундијалот во САД, па дури беше вбројувана и меѓу фаворитите. Но тоа беше нивното најцрно Светско првенство на кое не сакаат да се потсетуваат. На првиот меч загубија од Романија, а за да ја минат следната фаза мораа во следното коло да ја победат Романија. Капитенот Ескобар си постигна автогол по што следеше елиминација, а тој несреќен момент го плати со живот.
Слаломот на Марадона (1986)
Снимките од четвртфиналниот меч помеѓу Аргентина и Англија од 1986 се илјадници пати повторувани, а тоа се должи само поради еден човек, Марадона. Аргентинците славеа со 2:0, а и двата гола на Марадона влегоа во историјата. Првиот го постигна со рака нарекувајќи ја „божја рака“, а вториот е дефинитивно еден од најубавите кои сме ги виделе на Светските првенства.
Најгрубиот фаул (1982)
Франција и Западна Германија одиграа трилер полуфинален меч кој заврши 3:3, но тоа остана во сенка. Натпреварот го одбележа германскиот голман Тони Шумахер кој го нокаутираше Патрик Батистон кој заврши во болница и остана без два заба. Судијата ја донесе најпогрешната одлука без да го санкционира Шумахер кој потоа беше јунак во пенал серијата.
Највисоката победа (1982)
Светското првенство во Шпанија ќе остане запаметено и по највисокиот триумф на Мундијалите, а тоа се случи на мечот Унгарија – Ел Салвадор 10:1. Централно Американската држава беше претходно во граѓанска војна и на Мундијалот допатува со аматери кои барем успеаа да постигнат еден гол.
Серијата на Дино Ѕоф (1974)
Славниот италијански голман беше несовладлив 1.100 минути, а фантастичната серија му беше прекината на сензационален начин од страна на 22 годишниот фудбалер на аутсајдерот Хаити, Емануел Санон кој заработувал 300 долари месечно во домашното првенство на неговата земја. Италија славеше со 3:1, но Хаити успеа да да изненади и прва да премине во водство.
Тимската игра на Бразил (1970)
На Мундијалот во Мексико славниот Пеле стигна до третото злато. Во финалето Италија беше декласирана со 4:1, а точка на мечот стави Карлос Алберто на асистенција на Пеле. За издвојување е извонредната акција на Бразилците кои со огромна леснотија стигнаа до голот.