Беше професор, доктор, учител, уметник и не знаеме веќе што за фудбал. Човек кој играта со топка ја негуваше до совршенствно. Кога Зидан везеше во среден ред, тоа го правеше како е е најлесната работа на светот. Ќе се роди ли повторно ваков мозок?
Неодамна наполни 43 години од кои 22 ги помина во дресот на Манчестер Јунајтед. Важеше за најдобриот контролор на темпото на игра во историјата на Премиер лигата и идол на многу великани како Чави, Иниеста, Зидан, Фабрегас, Давидс.
Кога по 7 минати кола во Ла Лига, Реал е петти, а Барса му бега 7 бода, тогаш јасно е дека нешто не штима кај Кралевите. Тие се освојувачи на двете последни изданија во Лигата на шампиони и едноставно недозволиво е клуб од таков калибар вака да ја стартува новата сезона.
Важи за феномен затоа што смени еден куп врвни напаѓачи и може да се каже дека има најсигурно место во составот на Реал. Не е дека не дава голови, дава и мести асистенции ама тоа што знае да го промаши он, не може никој.
Еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот го направи тинејџерот кој од Монако премина во ПСЖ на позајмица со право на откуп од 180 милиони евра за да не се прекрши фер плејот на ФИФА и УЕФА.
Има ли тренер кој во моментов не сака да биде Зинедин Зидан? Дојде во Реал Мадрид во јануари 2016-та без тренерско искуство во сениорска категорија и како лета времето само реди трофеи и рекорди без престан. Капа доле за овие три моменти за издвојување, а да се само тие.
А ќе рече човек како вчера да беше. Зизу го играше последниот фудбалски меч во богатата кариера, а се посрамоти пред целиот свет со неспортски потег. Доби црвен картон во финалето на Мундијалот Франција - Италија.
Кога францускиот легендарен фудбалер стана тренер во Реал Мадрид дојде речиси без никакво тренерско искуство, а доби задача да го води еден од најдобрите клубови во светот кој тогаш беше во мала криза. 17 месеци подоцна, ете го со 5 трофеи и многу рекорди.
Пред извесно време многу луѓе се чуделе како татко му на Килиан Мбапе ги одбил Реал Мадрид и Зинедин Зидан. Откако норвешкиот вундеркинд Мартин Едегор беше најавен на голема врата, а заврши во просечен холандски прволигаш, талентите „прво дуваат во јогурт“.
Поминаа точно 15 години од финалето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Баер Леверкузен 2:1 (Раул 8` Зидан 45` - Лусио 13`). Се играше во Глазгов на 15 мај 2002-ра. Колку и да се врти овој гол по најавни шпици, едноставно не може, а да не се одбележи јубилејот од оваа убавина за око. Ваква елеганција нема друг фудбалер.
Златната генерација на Јувентус не успеа да врзе 2-3 титули на самиот старт од овој милениум, а имаше состав за такво нешто. Колку само интелигентни играчи имаше во тој состав подоцна предводен од интелигентниот Марчело Липи, потврдува фактот што пола од нив сега делат памет.
Ги гледаш и едноставно им се воодушевуваш со колку едноставност и леснотија го играат или го играле фудбалот. Се работи за 15 имиња кои станаа светски ѕвезди и кои ги поврзува зборот елеганција.
Реал Мадрид основано го фаќа треска. Екипата ја загуби комфорната предност над Барселона во првенството и испадна од 1/4 финале на Кралскиот Куп од Селта. Но Реал најмногу го фаќа треска од Костариканскиот голман кој по сјајната сезона лани, годинава брани како почетник.
Паузата која ќе следи наредниот викенд во националните првенства за многу екипи е добре дојдена, за да се одморат играчите и да соберат сила за предизвиците кои следуваат во клучниот дел од сезоната. Но тоа не важи за Реал Мадрид.
На рулетите на Зи Зу уживавме додека играше во топ форма, а малиов кој допрва треба да напредува и во техника и во моторика, умее и да го повтори во една иста акција со која ги направи горди неговите родители.
Во 1992 година беа удрени темелите на новата англиска прва лига под името Премиер лига. Првата и втората сезона ги освои Манчестер Јунајтед со Фергусон, а третата беше изненадување бидејќи пехарот го крена Блекбурн, тимот со голем пропуст од епски размери.
Енцо Зидан престојува во Реал Мадрид околу 10 години и игра за третиот тим Реал Мадрид Кастиља. Неодамна даде гол за првиот тим во Копа дел Реј но не е ниту близу до она што го прави син му на Диего Симеоне во Серија А.
Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.
Репрезентативецот на Србија и Црна Гора, Зоран Мирковиќ на времето ја имаше таа чест да игра во Јувентус заедно со Зинедин Зидан, ама изгледа не знаел добро кој е Зинедин Зидан.
Маестро Зинедин Зидан беше предмет на дискусија дали без тренерско искуство ќе успее да биде маестро и на клупа. По првите негови 32 кола како стратег на Реал не само што му оди добро, туку е и најдобар и во однос на неговите претходници и во однос на тренерите од другите екипи во Ла Лига.
Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.
Кога играше за Реал Мадрид имаше камера која 90 минути го следеше само него. Сега добро е што го следат да видиме што прави и на тренинзите. Зинедин Зидан уште го има она своето со топка и на 44 години.
Помладиот син на Зинедин Зидан, Лука, попладнево реши да го дрибла противничкиот напаѓач на мечот од Лигата на шампионите У19 меѓу Дортмунд и Реал Мадрид и се посрамоти. За негова среќа другарите веќе дадоа три гола, па не беше толку страшно.