Во 73. минута од дуелот Еибар - Реал Мадрид при резултат 1-1, Серхио Рамос нешто му дошепна на судијата и набрзо истрча во подтрибинскиот простор. После пет минути пак се врати на теренот.
Реал веќе немаше право на замени но за време на отсуството на Рамос ништо драстично не се смени на теренот. После пет минути откако се врати, Кристијано Роналдо го даде вториот гол на мечот и Реал победи во самиот финиш.
На прес-конференцијата после натпреварот во Баскија, Зидан објаснил кратко и јасно.
„Малку се покака, му отиде во гаќите па истрча во тоалет“, без влакна на јазикот рекол Зидан за својот капитен.
А самиот Рамос се насмеа за целата епизода и после средбата твитна: „Повик на природата. Излегов-се вратив. Спремен назад. Тимски гол. Враќање дома. Одиме понатаму.“
Típico apretón. / Nature calls.🤭
— Sergio Ramos (@SergioRamos) March 10, 2018
Salir. Entrar. / Out & back in. 🏃🏻♂
Vuelta a la carga. / Reload. 🔋
Gol del equipo. / Team goal. ⚽️
➕3⃣
Y vuelta a casa. / Back home. 🏠
¡Seguimos! / Let's keep it up.💪#HalaMadrid pic.twitter.com/2r67vxEZlq