Таг: зинедин зидан

Малиот кој гледа стари видеа од Зидан

На рулетите на Зи Зу уживавме додека играше во топ форма, а малиов кој допрва треба да напредува и во техника и во моторика, умее и да го повтори во една иста акција со која ги направи горди неговите родители.

Најголемиот кикс во историјата на Блекбурн

Во 1992 година беа удрени темелите на новата англиска прва лига под името Премиер лига. Првата и втората сезона ги освои Манчестер Јунајтед со Фергусон, а третата беше изненадување бидејќи пехарот го крена Блекбурн, тимот со голем пропуст од епски размери.

Ривалството на синовите на Симеоне и Зидан

Енцо Зидан престојува во Реал Мадрид околу 10 години и игра за третиот тим Реал Мадрид Кастиља. Неодамна даде гол за првиот тим во Копа дел Реј но не е ниту близу до она што го прави син му на Диего Симеоне во Серија А.

Како Зидан стана голем тренер

Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.

Она кога џабе се трудиш да му ја земеш на Зидан и кога ти е колега

Репрезентативецот на Србија и Црна Гора, Зоран Мирковиќ на времето ја имаше таа чест да игра во Јувентус заедно со Зинедин Зидан, ама изгледа не знаел добро кој е Зинедин Зидан.

Никој како Зидан по 32 меча

Маестро Зинедин Зидан беше предмет на дискусија дали без тренерско искуство ќе успее да биде маестро и на клупа. По првите негови 32 кола како стратег на Реал не само што му оди добро, туку е и најдобар и во однос на неговите претходници и во однос на тренерите од другите екипи во Ла Лига.

„Сењор Перес, ова е син ми Марко и тој ќе игра за вашиот клуб“

Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.

На Зидан уште му се лепи топката

Кога играше за Реал Мадрид имаше камера која 90 минути го следеше само него. Сега добро е што го следат да видиме што прави и на тренинзите. Зинедин Зидан уште го има она своето со топка и на 44 години.

Лука Зидан со кардинална грешка

Помладиот син на Зинедин Зидан, Лука, попладнево реши да го дрибла противничкиот напаѓач на мечот од Лигата на шампионите У19 меѓу Дортмунд и Реал Мадрид и се посрамоти. За негова среќа другарите веќе дадоа три гола, па не беше толку страшно.

Висенте Дел Боске - Маркизот на шпанскиот фудбал

Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.

Малку познати факти за Зинедин Зидан

Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.

Франција 1998-ма, од глумци до продавачи на базени

По неуспехот во квалификациите за Светското 1994 во САД, Франција реши да тргне од нула и ја создаде најсилната репрезентација во историјата на оваа земја. Шарен состав со одлични фудбалери кои денес имаат необични професии.

10 најубави голови во историјата на Европските првенства

Марка преку гласање организирано за своите читатели ги избра десетте најубави голови во историјата на европските шампионати. Од ван Бастен и Ујлан до Балотели и Златан.

Босанскиот боем по кого се крстеа деца во Италија

Но ова не е приказна само за фудбалот. Италијанците ден денес прераскажуаат како Блаж Слишковиќ со тренерот Галеоне пречекувал рани зори во италијанските таверни, како пиел по 10 кафиња на ден, а има и анегдота дека еднаш некој го видел без цигара во рака.

Седум тренери кои освоиле ЛШ и во копачки и во чевли

Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.

Реал Мадрид е нов владетел на Европа

По 120 минути жестока борба и ремито по головите на Серхио Рамос и Фереира Караско се замина на пенал рулет. А таму повеќе среќа имаше Реал Мадрид кој славеше со 5:3. Роналдо го постигна решавачкиот пенал, Хуан Фран промаши.

За Милано финалето е со горчелив вкус

Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.

Пантерот од Коста Рика испиша историја во Реал Мадрид

Во само една сезона Кејлор Навас стана еден од најдобрите голмани во историјата на Реал Мадрид, откако примаше во просек по 0,82 гола по натпревар што е најдобар учинок во 20 години.

Атлетико и Реал ќе добијат по 20.000 карти за финалето

Раководните луѓе од Реал и Атлетико отпатувале во Милано каде ќе се договараат со организаторот и домаќинот околу финалето на ЛШ. Картите движат од 70 па до 440 евра во зависност од зоната.

Зизу, менувај кројач што побрзо

Зинедин Зидан, тренерот на Реал два пати за седум дена ни покажа зошто Јирген Клоп вели дека во тренерки се чувствува најкомотно.

Зидан ти не треба да бидеш тренер

Ако НБА лигата стана посиромашна по пензионирањето на Џордан, па Шекил, па Коби, тогаш лесно ќе направиме компарација на имиња и во фудбалот. Зинедин Зидан не игра од 2006 година, а кога ќе го видите видеото ќе помислите дека вечерва против Манчестер Сити ќе биде во прв тим.

13 фотографии кои ќе бидат епски

Плачот на чичкото со брковите кој го гушна пехарот, неславното пензионирање на Зидан, канибалот од Уругвај, Ферги, Меси, Клосе...Неколку фудбалски моменти кои кога ќе старат ќе бидат историски.

Што значи да гледаш Ел Класико од клупата на Реал?

Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.

Тактиката со која Зидан ја сопре Барселона

Со головите на Роналдо и Бензема, Реал Мадрид го доби Ел Класико и ја намали предноста на Барселона на 7 бодови. Францускиот стратег е откриен.