Реал Мадрид многу поконкретно го отвори финалето во првите 10 минути. Се редеа нападите на кралскиот клуб кој првата сериозна шанса ја имаше во 6. минута. Бејл центрираше, Каземиро постави нога и на гол линија го погоди словенечкиот голман Јан Облак.
Офанзивата на побогатиот клуб од Мадрид му се исплатеше брзо.
Серхио Рамос во 15. минута го доведе Реал во водство. Пред 2 години постигна гол во 93. минута во финалето против Атлетико (Лисабон 2014) за израмнување, а вечерва по центаршутот на Крос од левата страна, Бејл со глава му ја спушти на капитенот кој го матираше Јан Облак.
На тој начин Рамос стана само петтиот играч во историјата што дал два гола во две различни финалиња на ЛШ. Претходно даваа Меси (2009, 2011), Кристијано Роналдо (2008, 2014), Самуел Ето (2006, 2009) и Раул (2000, 2002).
Темпото на игра од тој момент малку опадна, па во следните десет минути се играше без поголеми шанси, освен шутот на Роналдо од контра нападот на Реал.
Во 34. минута Антоан Гризман се обиде од 25 метри, но неговиот удар беше слаб и отиде директно во рацете на Кејлор Навас. До крајот на полувремето Серхио Рамос исфрли една топка со глава по шутот на Филипе Луис и на паузата се замина со 1:0 за Реал.
Каков мотиватор е Диего Симеоне покажа стартот на вториот дел. И тоа каков старт!
Само што почна второто полувреме Атлетико тргна на јуриш предводен од нововлезениот Фериера Караско кој на полувремето го замени Аугусто Фернандез. Во 46. минута Торес се загради да го прифати додавањето на Гризман, а Пепе неспретно го закачи по што Клатенбург покажа на белата точка. Пенал за Атлетико:
Топката ја зема Гризман кој се одлучи за мошне силен шут но топката ја затресе пречката, а на Французинот му преостана само да се фати за глава:
Атлетико продолжи енергично, а после промашениот пенал голема шанса имаше Црногорецот Стефан Савиќ во 55. минута кога после еден метеж во шеснаесетникот на Реал во пад шутираше за малку покрај голот на Навас. Набрзо Саул во 59. минута имаше голема шанса да израмни, но неговиот волеј заврши покрај голот на Костариканскиот голман.
Реал се ослободи во следните десетина минути и во 70. минута имаше одлично
Драмата кулминираше во 78. минута кога Роналдо недоволно силно шутираше од 18 метри а одбиената топка стигна до младиот Васкез кој се обиде да шутира во празен гол, но Габи мајсторски стартуваше и ја собра топката.
Казната следуваше на другата страна. Во 79. минута Атлетико дојде до заслужено израмнување 1:1. Габи го „исфрли" Хуан Фран на десното крило во празно, бекот од прва центрираше паралелно со гол линијата, а Белгиецот Фереира Караско од четири метри лесно го совлада Навас за еуфорија на стадионот меѓу црвено-белите навивачи. Караско стана првиот Белгиец кој дал гол во финале на КЕШ/ЛШ.
Зидан до голот на Атлетико направи три замени (Иско место Крос, Данило место Карвахал и Васкез наместо Бензема) и можеби тоа делумно го наруши концептот на Реал, особено што голот го примија откако Васкез задоцни да го покрие Фереира Караско а претходно промаши сериозна шанса. Атлетико во тој период ја доби средината на теренот.
До крајот немаше сериозни шанси за промена на резултатот и регуларните 90. минути завршија идентично како и во Лисабон пред две сезони. Следуваа продолженија.
Во дополнителните минути првата прилика ја имаше Роналдо во 95. минута, после корнерот од левата страна, но лошо ја зафати топката со глава.
Екипите делуваа мошне уморно и до крајот на првото продолжение немаше сериозни шанси за промена на резултатот. Симеоне ја направи и втората замена, овојпат принудна, на местото на повредениот Фелипе Луис влезе младиот Лукас Фернандез.
Во второто продолжение, играчите на Реал делуваа во поголем проблем во однос на кондицијата, но оние кои влегоа во игра (Иско и Васкез) ја држеа будна одбраната на Атлетико. Реал во последните секунди ја имаше последната шанса од корнер (сите тогаш помислија на Лисабон), но стигна крајот а дојдоа пеналите. Рулет: