Ако НБА лигата стана посиромашна по пензионирањето на Џордан, па Шекил, па Коби, тогаш лесно ќе направиме компарација на имиња и во фудбалот. Зинедин Зидан не игра од 2006 година, а кога ќе го видите видеото ќе помислите дека вечерва против Манчестер Сити ќе биде во прв тим.
Плачот на чичкото со брковите кој го гушна пехарот, неславното пензионирање на Зидан, канибалот од Уругвај, Ферги, Меси, Клосе...Неколку фудбалски моменти кои кога ќе старат ќе бидат историски.
Пред судиската свирка за крај, фудбалерите на Реал Мадрид кои беа на клупата за резерви нестрпливо чекаа да ѝ се израдуваат на првата победа против најголемиот ривал на гости после цели 4 години.
Славниот Зизу кој вечерва дебитира на шпанското дерби како тренер, 2006-та година ќе ја памети по своето повлекување од фудбалот. Освен лошиот потег кога му удри глава на Матераци, тој имаше и неуспешна сезона со Реал. Пречка беше Барса со Роналдињо.
Му се уживало на плажите во родниот Мадагаскар и никако не сакал да се врати да игра фудбал во Франција, но татко му го убедувал да проба уште еднаш. Како Димитри Паје стана најголем адут на Франција за Европското првенство летово?
Прекрасната сезона на Аспиринџиите во која победуваа секој и секаде заврши неславно затоа што во рок од две недели загубија во клучните битки на сите три фронта и не освоија ниту еден трофеј.
На денешен ден пред 25 години, чудото од дете Зинедин Јазид Зидан ја започна професионалната кариера со еврогол. За тоа добил награда од претседателот.
Се работи за сезоната 2003/2004 во која додека Вардар за влакно не влезе во групна фаза во ЛШ преку Спарта Прага, Белград истата вечер се радуваше откако Партизан херојски на пенали го елиминираше Њукасл.
Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.
Флорентино Перез за тренерската смена се реши за вкусот на навивачите, а промоцијата на Зинедин Зидан ја продолжија со видео на јутјуб кое нема врска со неговиот тренерски капацитет. Инаку не викаме дека е лошо видеово.
Од првите допири со топкта, па се до инцидентот со Матераци по кој ќе го паметиме неговиот последниот меч во кариерата. Кариерата на Зидан преку забрзан уметнички приказ.
Тренерската смена во Реал Мадрид го врати расположението во соблекувалната, откако малку играчи беа фасцинирани од методите на Рафа Бенитез и едвај чекаат да почнат со Зинедин Зидан, пишува Марка.
Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.
Кој не гледал фудбал во негово време до 2006-та многу пропуштил, а тој што гледал знае за што правиме муабет. Ова што го прави Зидан со нозете, никој друг не го прави.
Не само што имаа најдобро ефе на зелениот терен, туку маестрално лобуваа и на билјард таблите. Бекам ден денес поседува билјард клуб во Лондон а Зизу играл кога ќе му дозволат обврските.
Божјата рака на Марадона, гризењето на Суарез, главата на Зидан и уште неколку славни прљави моменти од фудбалот кои уште многу години ќе се раскажуваат, ги глумеа деца.
Откако заврши како петтопласиран во Серија А со Наполи, на Рафа Бенитез му истече договорот и го напушти италијанскиот клуб. Денес се врати во местото каде пред 20 години се калеше како тренер и ги водеше младинците.
На 15 мај 2002 година во Глазгов во финалето од Лигата на шампионите играа Реал Мадрид и Баер Леверкузен. Резултатот беше 1:1 со головите на Раул и Лусио, а конечните 2:1 ги постави великанот, со еден од најубавите погодоци во историјата на финалињата.
Екипата предводена од некогашниот најдобар фудбалер на светот во јануари беше прва во Сегунда Б а сега заостанува 13 бодови зад лидерот. Кога на теренот бил малиот Мартин Одегард, Кастиља загубила 5 од 10 натпревари по што сега притисокот е врз Норвежанецот.
Хуманитарниот меч за борба против сиромаштијата и еболата организираа Зидан и Бразилецот Роналдо. Од нивна беа нивните пријатели кои играа против ѕвездите на Сент Етјен во Франција.
Дуелот меѓу Ле Блус и Селекао никогаш не ја разочарал публиката. Минатото донесе моменти како голот на Роберто Карлос од слободен, двата со глава на Зидан во финалето на СП и сомнителниот пенал на Белон. Вечерва играат пријателска на „Стад де Франс“ во Париз.