Таг: жозе мурињо

Мурињо бранеше на ревијален меч и направи шоу

Во Англија минатиов викенд се одигра хуманитарен меч за помош на жртвите во пожарот на 24-катната Grenfell Tower во Лондон. На 14 јуни во страшен пожар загинаа околу 80 луѓе.

Најголемиот мотиватор на Мурињо

На 25 јуни ова лето, Жозе Мурињо го загуби својот татко кој почина на 79 годишна возраст. Се работеше за одличен голман и доста ценет тренер во Португалија. Тоа е човекот кој му ја дал првата и најголема поддршка на итриот Мурињо за да стане тоа што е денес.

Малиот на кој Мурињо му го даде медалот

„Понекогаш кога победувам не ги чувам медалите, па замислете кога ќе изгубам. За мене, медалот веројатно ќе завршеше во некое ќоше во домот, а за тоа дете е месечината - нешто што ќе го чува и ќе се сеќава“, изјави Жозе Мурињо после мечот. Малиот се вика Деџи.

Мурињо и одговорот до македонската новинарка, неповторливо

Реал Мадрид стигна до четвриот Супер Куп на Европа, Зинедин Зидан стана четвриот најтрофеен тренер на Реал Мадрид, но шоуто во Скопје се знае кој го украде. Нема, кога ќе каже нешто кажано е, плус само него му лежи вака.

Гестот на Мурињо со медалот и малиот навивач

Само што им ги поделија медалите на фудбалерите и тренерите на Јунајтед, Жозе Мурињо тргна кон делот каде беа нивните навивачи и медалот му го подари на едно од децата на трибината. Голем гест за поздравување, за разлика од победничкиот тим кој недоволно ги удостои своите следбеници.

Најмоќната жена во светот на фудбалот и десна рака на Абрамович

Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.

Жената со 20 тетоважи од Мурињо

Прекарот на славниот португалски стратег е „ The Special One“, a за една Англичанка тој е „The only one“. Ја имаме најголемата обожавателка на Мурињо која јавно признава дека би го изневерила мажот за него.

Манчестер Јунајтед го чекаат 29.420 километри до Скопје

Маратонот на „Црвените ѓаволи“ од дури 64 средби сезонава не заврши на 24. мај со победата во финалето на Лига Европа. Ги чека долго лето кое ќе го финишираат во Македонија.

Човек финале - 14 меча за пехар, 12 победи

Дефинитивно, или го обожувате или не го поднесувате. Без оглед на сè, Мурињо синоќа дури 12-ти пат во кариерата победи во едно финале и стана првиот во историјата што два пати освоил и Лига на шампиони и Лига Европа.

Што изјави Мурињо за Лига Европа во 2013-та

Не сакам моите играчи да ја чувствуваат Лига Европа како наше натпреварување, изјави Специјалниот како тренер на Челси, а четири години по таа изјава се тркалаше на земја од радост за трофејот со кој всушност ја извади сезоната на Манчестер.

Еуфоричната прослава на Мурињо

Португалецот го освои вториот пехар во Лига Европа и на Манчестер Јунајтед му го донесе 42-от трофеј во клупскиот музеј, и стана првиот тренер во историјата со злато од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Трофејот во рацете на Манчестер, Јунајтед доаѓа во Скопје!

Славниот клуб го освои единствениот трофеј кој му недостасуваше во богатиот музеј, откако вечерва убедливо го победи Ајакс 2:0 (1:0). Мурињо стигнува во Скопје на 8. август на дуел од Супер Купот.

Најјаката прес конференција на Мурињо

Додека играчите на Јунајтед ги отпоздравувале навивачите во последниот домашен меч сезонава, Мурињо отишол во прес-салата каде имало неколку новинари.

Серхио Ромеро - Најдобриот резервен голман на светот

Не се жали што има помала минутажа од Де Хеа за кого вели дека е фантастичен голман. Му беше криво кога менторот Ван Гал кој го донесе во Манчестер замина, но кај Мурињо добива шанса да брани во Лига Европа.

Вака така Мурињо може да му донесе три трофеи на Јунајтед

Жозе Мурињо е еден од оние тренери кои или го сакаш или го мразиш. Како стојат работиве навивачите на Манчестер Јунајтед има ептен да го засакаат, само ќе треба уште да почекаат што ќе се случи на 24 мај.

Најуспешни серии без пораз во Премиер, Фергусон и таму царува

Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.

Како Мурињо ја спасува сезоната на Манчестер

„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.

Дани Карвахал - анонимниот дискретен херој на Реал Мадрид

Во океанот статистики, рекорди, чуда и врагови на Кристијано Роналдо и Реал, ретко кој помислува на клучниот архитект на успесите на Кралскиот клуб. Човекот кој на тренинг доаѓал со Цитроен Ксара од татко му и не можел да му прости на Мурињо што не го играл.

Најчудните работи за тренерите и фудбалерите на Википедија

Да заиграш во Премиер лига и во Серија А и да ги лажеш твоите дома дека те киднапирале во Тајланд за да им земеш пари треба стварно да си глуп. Епа таков е Нсереко и затоа сега игра во Литванија.

Каква амајлија бакнуваше Мурињо синоќа

Во финишот од дуелот со Андерлехт, Мурињо извади од џеб мал предмет и го бакнуваше. После мечот новинарите го прашале што е таинствениот предмет кој го бакна пред Маркус Решфорд да го даде решавачкиот гол.

Мурињо прашуваше за кој Диего пееле навивачите?

Јунајтед со 0:3 го победи Сандерленд а во моментите на тотална доминација на нивниот тим, навивачите на Манчестер можеа да си приуштат цел репертоар на стари и нови песни, па една од нив беше и за легендарниот Диего Форлан. Кога се сети дека нема Диего во тимот, Жозе Мурињо го праша Карик за кој Диего пејат?

Фудбалскиот пат на Филип Лам - најдобриот десен бек на XXI век

Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.

Собирал шишиња во Еквадор, па стана омилен играч на „Олд Трафорд“

Кога добил фудбалски повик да се пресели во престолнината Кито, мајка му и брат му собрале пари за автобуска карта, а татко му неколку дена не знаел каде е син му и го барал за да му помага со шишињата.

„После голот на Рамос во финале на ЛШ го скршив телевизорот“

Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.