Жената со 20 тетоважи од Мурињо

Прекарот на славниот португалски стратег е „ The Special One“, a за една Англичанка тој е „The only one“. Ја имаме најголемата обожавателка на Мурињо која јавно признава дека би го изневерила мажот за него.

Вивиен Бодикот има 59 години и живее во Лестер, но нејзината приказна не е поврзана со бајката на ланскиот шампион во Премиер лигата, туку со Жозе Мурињо. Таа последен пат била на стадион во 90-те години кога ја носел татко и не зборува за навивање, туку во глава и е само едно нешто, Жозе Мурињо.
 
„Ќе умрам ако еден ден го видам во живо, тој е прекрасен. За него би го изневерила и сопругот“, вели Вивиен.

Тоа го признава и пред него без око да и чуе, а сопругот Тони и ги исполнува желбите поврзани со нејзината опсесија. Вивиен има 20 тетоважи од Мурињо кои чинат околу 1.000 евра, а знаете кои и ги плаќа? Епа Тони.

„Цените на тетоважите се различни. Најмалата ме кошташе 60 фунти, а последната беше 250 фунти. Сите заедно беа околу 800 фунти. Веќе почнав и да губам осет колку имам бидејќи штом ќе ставам една, потоа ми прават друга“.
 
Таа не ги сака паузите во националните првенства, бидејќи и недостигаа телевизиските појавувања на Мурињо и во тој случај и преостанува да го бара само на интернет.

„Нема ден да не погледнам една фотографија од него и едвај чекам да почне сезоната. Јас сум едноставно зависна од Жозе Мурињо. Често ми прават интервју за радио после натпреварите, а јас им се чудат на луѓето кои постојано го критикуваат за тактиката кога ќе загуби натпревар“.
Најтешко и паднало кога го отпушија во Челси.
„Кога внук ми, ми ја кажа информацијата, ја откажавме вечерата за Божиќ и не јадевме. Сакав само да го гушнам и да му кажам дека сè ќе биде во ред“.

„Соседите ме прашуваат зошто не навивам за Лестер, а јас им објаснувам дека сум заљубена во еден тренер по фудбал и дека ако треба да го напушти Манчестер Јунајтед за да оди во странство, тогаш ќе им кажам збогум на англиските клубови и ќе одам таму каде што ќе оди тој, бидејжи за мене тој не е само „ The Special One“, туку и „The only one“.
 
Тоа ти е Тони.
6 јули 2017 - 13:56