„Ако сакате да зборуваме за мојот учинок, само ќе ви кажам дека ѝ донесов независност на Северна Македонија, целосна државност на Република Јемен, како и титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Сè што се случи потоа, не е моја вина“, вели Специјалниот.
На клупата на Манчестер Јунајтед Мурињо седеше на 144 натпревари и забележа: 84 победи, 32 нерешени и 28 порази. Гол разлика 243:117. Утрово доби прилично очекувана шут-карта.
Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лига на шампиони за противник ќе го има Пари Сен Жермен. На моментот од ждрепката Жозе сфатил дека Смолинг и другите дрвца ќе треба да се бркаат со ѕверките на ПСЖ.
Кога влијателен лик како Жозе Мурињо ќе направи потег како оној по мечот со Јуве во ЛШ, кој го совлада со пресврт во драматична завршиница, не поминува тоа така. Неговиот провокаторски гест го повторија и две маскоти на Џенова пред мечот со Наполи.
И покрај моќта, формата и стабилноста, Јувентус загуби натпревар на домашен терен во ЛШ и тоа по пауза од 2009-та, а му го нанесе Манчестер Јунајтед со два гола во последните 4 минути. Специјалниот не ја пропушти можноста да ги испровоцира навивачите на Јуве во свој стил, а потоа изјави дека тоа го направил бидејќи цел меч му го навредувале семејството и Интер.
Немања Матиќ е човекот чии корени водат и до тетовската околина поради што брат му во еден момент можеше да заигра за репрезентацијата на Македонија. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед важи за голем патриот кој деновиве се најде на удар на британските медиуми.
Во првите 10 кола премиерлигашите добија 32 пенали. Најважниот го промаши Ријад Марез (во дербито со Ливерпул на Енфилд), најeфективниот го изведе Жоржињо од Челси против Хадерсфилд, а најозборуваниот пенал го шутираше Погба.
Манчестер Јунајтед, освен на теренот има проблеми и надвор од него: никако не може да стигне на време на дуел од Лига на шампиони па сега се соочува со нова казна од УЕФА.
Иако важи за голем провокатор, Жозе во самиот финиш на денешното големо дерби Челси - Манчестер Јунајтед 2:2 не беше нималку крив за инцидентот кој го предизвика помошен тренер на домаќините.
Ексцентричниот португалски стратег има многу што да раскаже на оваа тема, како на пример и тоа дека има заспиено во сред возење, како и спасено живот на клупски колега. Сега му е полесно, бидејќи друг го вози.
Очајни први 45 минути и негатива од 0:2 за Манчестер Јунајтед. Пола Европа зборува дека Мурињо ќе попие отказно решение на „Олд Трафорд“. Второ полувреме даваат три гола, слават победа и се чекаат изјавите на Жозе. А он во свој манир.
Жозе Мурињо од интересен лик пред камери, веќе станува комбинација на чуден и депресивен со на моменти шарлатанско однесување. Не знае кај тера со играта и резултатите и пак се закача. Манчестер Јунајтед едвај му победи денеска против Њукасл во последна минута. Губеше 0:2 по 10 минути игра и направи персврт со три гола од 70-та до 90-та минута.
Не е лесно да си навивач, ама уште повеќе тренер на Манчестер Јунајтед откако Фергусон ќе ти остави наследство од кое во фудбалот не се живее и во иднината. Мурињо на времето сам си се нарече „Специјален“, ама сабајлево изгледаше како веќе да не знае кај тера.
Од шест натпревари синоќа во ЛШ предвидени да почнат во 21, само Манчестер Јунајтед - Валенсија доцнеше со почеток затоа што Мурињо и екипата стигнале многу доцна на стадионот поради гужви во сообраќајот низ градот.
Еден од најдобрите фудбалери синоќа на легендарниот стадион на Манчестер беше младиот Хари Вилсон кој е позајмен играч од Ливерпул и кој не пропушти прилика да ги изнервира навивачите на Јунајтед.
Погба утна пенал, Рашфорд доби црвен картон во 71’ минута, ама Манчестер Јунајтед го преживеа гостувањето кај Барнли и славеше со 0:2. Доволна причина Жозе Мурињо да ја подари јакната на еден гостински навивач.
По триумфот над Лестер во отворањето на сезоната, Манчестер загуби на гости од Брајтон 3:2 па дома од Тотенхем 0:3. Резултати по кои се знае дека ќе следува прес конфренеција во негов стил.
Жозе е најтажниот тренер летово. Прво го викнаа да анализира натпревари од Светското на канал кој немаше права на пренос, после поради обврски го пропуштил полнолеството на ќерка му, па му почнале фудбалските проблеми.
Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.
Откако пред стартот на Светското прогнозираше кои селекции од секоја група ќе одат понатаму, сега после првото коло Жозе Мурињо прави осврт на одиграното.