На Мурињо и на Манчестер ништо не им оди од рака во последно време. Синоќа со клупскиот автобус стигнале на „Олд Трафорд“ на само 43 минути пред стартот на мечот со Валенсија а правилата налагаат екипата да биде на местото на одигрување на мечот 90 минути пред почетокот.
Жозе на прес-конференција се пожалил дека немале доволно добра придружба од полицијата која требала да го исчисти патот до стадионот.
Луѓето од УЕФА им дозволиле да доцнат и натпреварот почна со неколку минутно задоцнување затоа што играчите на Манчестер се загреваа подолго од предвиденото.
Според Мурињо манчестерската полиција неочекувано „одбила“ да прати придружба за да им помогне во сообраќајниот метеж.
Оваа верзија утрово ја демантирало од полицијата во манчестер од каде велат дека оваа услуга веќе не е на сила и дека на клубовите им е дадено повеќе време да направат план за нивното патување до стадионите.
Во соопштението, главниот инспектор Енди Сатклиф вели:
„Сите полициски распоредувања се спроведуваат по сеопфатен процес на проценка на ризик и посебно во однос на придружбата на клупските автобуси која се презема само кога има информации кои сугерираат ризик или закана за играчите.
ГПМ (Полицијата во Манчестер) претходно користеше полициски возила да го придружува клупскиот автобус но по разгледување на нашите основни полициски одговорности, се одлучи повеќе да не ја вршиме оваа услуга за секој натпрвар. Се консултиравме со релевантните фудбалски клубови неколку месеци со цел да им се овозможи да си го планираат времето за нивните возења до стадион. Секој меч се проценува посебно и ние ќе продолжиме со работа со сите клубови за да обезбедиме соодветен полициски одговор“, стои во соооштението на GMP.
УЕФА имаше милост и му прогледа низ прсти на Јунајтед синоќа па мечот се одложи на неколку минути.
Ова е исклучок на УЕФА која досега покренуваше дисциплински постапки против домашните клубови кога поради организациски проблеми предизвикуваа доцнење на почетокот на мечот.
Пример за тоа е казната од 30.000 евра која што ја плати Манчестер Сити затоа што играчите доцнеле со истрчување на терен на стартот од второто полувреме на меч од Лига Европа против Спортинг Лисабон во 2012. Тогаш фудбалерите истрчале само 60 секунди подоцна но пак, го прекршиле правилото.
Ова е четврти пат Манчестер да доцни на натпревар и почетокот да се одложува поради нив.
Така беше и во април 2016 против Тотенхем кога стартот доцнеше половина час затоа што тимот предводен тогаш од Луј Ван Гал многу доцна стигнал на „Вајт Харт Лејн“ поради метеж во сообраќајот.
Исто беше и во декември 2016 кога Манчестер доцна стигна на „Селхурст Парк“ каде играше против Кристал Палас а и против Вест Хем на „Аптон Парк“ во последното коло од таа сезона.