Технологијата сама по себе е неутрална но некогаш треба да се повлече линија. Со робот, на пример, тешко е људски да се разбереш, особено ако има пушка во рака и е програмиран да ги потепа сите кои сакаат да се разберат со него.
Повеќе од 80.000 книги од фундус кој се состои од 200.000 книги на заедничката библиотека на Факултетот за филозофија и социологија при Универзитетот во Варшава, Институтот за филозофија и социологија на Полската академија за науки и Полското филозофско друштво, ќе бидат отстранети. А тоа е исто како да се запалени.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте го повика народот да му помогне да ја спроведе неговата ригорозна забрана за пушење ја јавни места. Како што тоа бидна и порано, ваквиот повик е зелено светло за секоја битанга да шета по улици и да го спроведува законот по свое видување.
Дел од студентска организација на еден факултет добила забрана за јавно искажување на своите ставови. Откако овие се пожалиле дека имаат проблем со јавното искажување на своите ставови.
Мадридските великодостојници западнаа во проблем од кој пред две недели излезе Барселона. Во следните два преодни рока, летото 2016-та и зимата 2017-та нема да може да купуваат играчи. Зошто така?
Исправена пред престојните цивилизациски битки за зачувување на светскиот мир и продолжувањето на животот на оваа планета, Русија најде за потребно да го забрани Порнхаб.
Разбирлива е одлуката на надлежните во Дизниленд; тие дале милиони долари да го привлечат и задржат вниманието на своите чудесии а луѓето упорно се занимаваат со себе. Па како без селфи стик ќе останат спомени? Па нека памтат малку.
Руските книжарници, во пресрет на одбележувањето на 70-годишнината од победата над фашизмот, од своите рафтови и сајтови отстрануваат антологиски графички роман кој зборува за ужасите на холокаустот. Причина: имало кукаст крст на насловната.
Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија издаде листа на непожелни имиња кои не смеат да им бидат давани на новороденчиња. Што навредливи за муслимани, што онака, нејасно.
Пишуваш книга на свои 19 години, полн со тинејџерски отпор кон општеството и со амбиција преку насилство да предизвикаш политичка промена. Четириесет години подоцна веќе не си истиот човек. Но твојата книга продолжува да инспирира нови генерации. Како да го спречиш тоа?
Базична лекција по демократско уредување и регулирачки усул на Теофил Панчиќ, по повод паѓањето на Уставен на забраната за ноќно купување алкохол во Белград. Се препорачува за морални паничари кои сакаат да дознаат во што е разликата меѓу државата како рационално организиран сервис на граѓаните и државата како посесивна Семајка која гуши во името на љубовта.
Со години им удираме сеир на Американците и нивната небулозна традиција, поддржана со закон, според која секој може да покрене постапка за забрана на книга во локалната библиотека, училиште или книжарница.