На денешниот меч од квалификациите за Африканскиот Куп на нации меѓу Нигерија и Египет кој заврши 1:1, судијата свиреше крај во моментот кога Мохамед Салах излезе сам пред домашниот голман. Египќаните протестираа, но судиската е конечна нели? И да, капацитетот на стадионот е 25.000 а средбата ја гледале 40.000 луѓе.
Поранешниот фудбалер на Њукасл и Челси, сега член на кинескиот Шангај Шенуа толку се занесе на еден натпревар што се судри со судијата во директен дуел. Претпоставуваме кој го извлече поделебелиот крај.
Викендов беше каша попара со судиите и тоа не во Свазиленд или Виетнам, туку во германското, шпанското и турското првенство. Издвојуваме три моменти, иако покрај толку фудбал сигурно имало уште некој циркус кој не сме го виделе.
Бидејќи не гледаме каде е и што прави судијата кој му јавува на главниот арбитар во случај да треба помогне за некоја спорна ситуација на терен, еве ви го и тоа на мегдан. Одиме во живо од мечот меѓу Феенорд и Херенвен од холандското првенство.
За време на мечот Севиља - Атлетико М. судиите го остранија тренерот на Андалузијците поради протести, но тоа не му сметаше да ѕирка од тунелот и да игра ѕе со играчите.
Колку пати сте биле сведоци на пребрзо изведување слободен удар и признат гол од страна на судијата кој го брои голманското време на местење жив ѕид? Анри, Меси и Фигуероа се само некои од фудбалерите кои го искористија голманското невнимание.
За време на 1-минутното молчење пред некој спортски настан, судиите и играчите стојат едни до други на средината во знак на сеќавање на одредени поединци. Во фудбалската историја постојат неколку средби на кои 1-минутниот молк не бил баш таков.
Марвин Хитц, голманот на Аугзбург го направи најлудиот потег сезонава во фудбалска Европа. Подоцна се извини, а некои уште не можат да поверуваат како можел да смисли такво нешто. За парадоксот да биде поголем, неговиот тим шест минути подоцна даде гол и славеше 0-1 против Келн.
Овој пат како што е пракса во нашата омилена рубрика нема да влезе играч, туку судија кој го даде најнеочекуваниот црвен картон во историјата на фудбалот.
За насилството врз судиите во македонскиот фудбал, прва, втора, трета лига се знае добро во чаршијата, ама ретко се пишува. Во Ирска виновникот е посочен со име и презиме кое повеќе нема да го има во клубот.
Лидерот во Перу, тимот на Спортинг Кристал треба да го почести судијата Луис Гарај што им подари победа на мечот против Хуан Аурих. Во исто време не сакаме да знаеме што сè сакаат да му направат гостите.
Еден од линиските судии на мечот Тотенхем - Сандерленд го направи најголемиот судиски привид во Премиер лигата минатата сезона. Му поништи чист гол на Јан Вертонген, иако Белгиецот не беше во офсајд. Од тој момент, Англиската федерација размислувала да го префрли да суди во лигата за деца до 10 години.
Судијата Бруно Мариќ од хрватскиот град Дарувар бил во полиција да даде изјава, откако на мобилниот постојано му стигнувале смртни закани по мечот Хајдук - Динамо З. каде свирна пенал за гостите во 93-та минута.
Турскиот судија Чунејт Чакир му памтеше еден фаул на Крис Верд од Северна Ирска, па на следниот фаул му даде два жолти и црвен картон на мечот против Унгарија.
Паоло Таљавенто кој беше дел од финалето во ЛШ меѓу Баерн и Борусија, е третиот познат италијански судија по Мацолени и Маса кои во скоро време ги гледавме на Филип Втори. Последниве години е подложен на многу критики за судењето, а неговото име се слушна и во аферата Калчополи.
Целта на Швеѓанецот е да привлече повеќе луѓе за да се бават со оваа работа и да објасни зошто донел одредена судиска одлука. Ова да му текне на македонски судија, уште на првата спорна ситуација ќе добие коментари со мајки, шајки.
На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.