Таг: судија

Имитација на линискиот судија во Романија

Не се први, ниту последни што го имитираа линискиот судија, но се прилично оригинални. Како први така други на мечот Конкордија - Брашов во романскиот фудбал.

Казна за судијата кој се послужи со видео технологија

Герман Делфино кој важи за еден од најдобрите арбитри во Јужна Америка викендов се обиде да исправи судиска грешка со помош на новата технологија, но на крајот излезе дека со тоа направил друга грешка.

А на судијава кој ќе му даде црвен?

Судиите имаат задача да санкционираат фаули и да ја спуштат тензијата меѓу играчите, но Французинот Филип Калт на мечот меѓу Бордо и Ленс постапи контра и во двата случаи.

Судија мене ли најде?

Во дербито меѓу Велез Сарсфилд и Арсенал Саранди во Аргентина, сè беше во ред до 58. минута, кога судијата донесе една, па друга одлука и ги збуни сите на теренот и стадионот воопшто.

Спрејот не е за секој судија

Го воведоа како многу практична работа, за фудбалерите да не можат да “крадат“ кога стојат на жив ѕид. До сега го користеа главните судии и сè си одеше регулар се додека не се појави видеово кое го пуштивме на рипит и се кезевме во редакција.

Фиорентина и Милан играа без судија

Главниот судија Кармино Русо кој го судеше вечерашниот меч од Серија А меѓу Фиорентина и Милан 2:1, не можеше ја доврши средбата поради повреда. Но подготвувањето на неговата измена беше загубено време за фудбалерите кои продолжија со игра без делител на правдата.

Коментатор на БиБиСи работниот ден го завршил како судија

26 годишниот Мет Месиано го оставил коментаторското столче за да спаси меч во Англија.

Зошто не треба да си пристрасен?

Белгискиот судија Фредерик Гелдоф минатиот викенд предизвика многу контроверзи во тамошната лига, откако имал исто име и презиме со некој навивач на Кортик, за кој судијата досуди сомнителен пенал против Клуб Бриж.

ФДУ: Фудбалски драмски театар

Ниту жолти картони и опомени за симулирање фаул не ги спречуваат фудбалерите да глумат на теренот. Некои се добри, а некои лоши глумци.

Свирна пенал, па го нокаутираше резерва

Натпреварот е од Супер купот на подолните украински лиги, а судијата досуди пенал за гостите при водство од 2:1 на домаќините.

Нема пенал за џудо потег

Кога веќе судијава не му даде картон или барем фаул за потегов, можеше да му даде поени за одлично извршена ката.

И за ова ли се дава црвен?

Судиите често се навредувани поради спорни одлуки за пенал, корнер, фаул и аут. Што ли да каже голманот Жуниор Моралес од Хондурас по овој директен црвен картон?

Политичката омраза низ историјата на фудбалските натпревари

Во поголемиот дел од овие дуели земјите се раскарани на комшиска или политичка основа, па тензијата од трибините за кратко време се претвора во тепачка. Судиите тешко издржуваат со свирче да го контролираат мечот 90 минути, особено кога паѓаат жртви.

Сите спорни моменти на мечот Јувентус - Рома

Дербито на колото во Серија А помина со три пенали, три црвени картони и тепачка. Потоа продолжи со трето полувреме пред камерите. Тоти изјави дека сите три голови на Јуве им биле нерегуларни и дека секогаш победуваат така, а тренерот на Рома Руди Гарсија рече дека шеснаесетникот бил 17 метри. 

Црвен картон за сопка на навивач

Да, баш така како што ви пишавме во наслов. Намерниот фаул врз навивачот фудбалерот го плати со исклучување.

Легендарниот судија кој се тркаше и бакнуваше со Баркли

По 39 години судење во НБА, Дик Бавета се повлекува од паркетот на 74 години. Делеше правда на рекордни 2.635 меча и не откажа ниту еден.

6 месеци казна за удирање судија

Фудбалерот на Коринтијас, Петрос мислел дека камерите снимаат само шанси и голови, а кога го удри со рамо судијата Рафаел Клаус на мечот против Сантос, "се направи на Tошо". Картон не доби, но бразилската фудбалска федерација го почасти со суспензија од 6 месеци.

Милионерот кој суди од љубов

Познатиот шведски арбитар, Јонас Ериксон се збогатил во 2007. година кога за 10 милиони евра продал акции од компанија која почнала од нула, а сега е светски популарна.

Кој дрес ќе го повлече Јунајтед за пензионирањето на Хаурд Веб?

Славниот англиски судија се повлекува од судењето по 25 годишна кариера. Официјалната вест за неговото заминување од зелените терени е проследена како да се повлекува играч од тимот на Луи ван Гал.

Ќе ви падне глупо за судијава

Костумосаниот господин имаше некој чуден редослед на поздравување пред мечот помеѓу Шпанија и Чиле, а од сето тоа сеирот го попи линискиот судија кој џабе се почеша.

Како Јапонецот се сожали со домаќините

Хрватите не беа далеку од задоволителен бод против Бразил на отворањето на Мундијалот, но тоа го спречи џокерот на домаќините Јуичи Нишимура.