Милионерот кој суди од љубов

Познатиот шведски арбитар, Јонас Ериксон се збогатил во 2007. година кога за 10 милиони евра продал акции од компанија која почнала од нула, а сега е светски популарна.

Од љубов, а не од пари е мотото на Јонас Ериксон, судијата кој вечерва ќе го суди дуелот од плејофот за ЛШ, Наполи – Атлетик Билбао.

Судиската кариера ја започнал во 1994. година, кога додека судел и работел друго. Во 2002. станува интернационален судија за ФИФА. Минатата година го судеше Супер куп натпреварот меѓу Баерн Минхен и Челси.

По Мундијалот во Ј. Африка, каде како прв судија го судеше мечот Англија - Словенија, Ериксон летово на СП во Бразил ја делеше правдата на дуелите Бразил – Камерун и Аргентина – Швајцарија.

За разлика од неговите колеги судии, Ериксон не зависи од судиските примања, така што наследството од 10 милиони евра кое го има, му дозволува да суди без тензија и притисок дека може да биде казнет.

Пред некоја година, заедно со неколку пријатели, Ериксон влегол во проектот насловен Иек ин Спорт од една старт – ап компанија во развој, основана во 1993. година во Шведска.

Компанијата се занимавала со купување и продажба на телевизиски права од спортски манифестации.

За само неколку години Иек ин Спорт станала фирма број еден за преноси на најголемите спортски настани, како што се европски и светски првенства во фудбал, кошарка и ракомет и Олимписки игри

Во 2007. година, гигантот Лагардере ја купува компанијата, при што Јонас Ериксон добива 15% од акциите, односно 10 милиони евра. Сума за која еден професионален судија треба да работи три живота.

„Парите не ме прават среќен и не сменија ништо во мојот живот. Најубавата работа која што најмногу ја сакам е арбитражата на фудбалските мечеви и тоа сакам да го правам и понатаму“ – вели Ериксон за сајтот на УЕФА.

Сомнежите за наместен натпревар кој го суди Ериксон, тешко дека ќе може да се префрлат кај него. Оправданието лежи во неговата банкарската сметка.

19 август 2014 - 14:40