Таг: судија

Дајте му доживотна забрана за фудбал

Полошо од тоа да бидеш судија во втора или трета лига во Романија е да судиш во најниските лиги каде нема ред, нема обезбедување, ниту полиција и теренот е чист за кршење носеви. Па Зидан беше барем поообзирен и го удри Матераци во гради.

А сега ќе му викате судија педер?

Непознат женски спорт кој не ни важно што е. Фората е во судијата и неговиот изненадувачки, но доста прецизен судар кој како да не сака да заврши.

Судијата Хауард Веб симулираше прекршок

На познатиот англиски судија му здосади 90 минути да ги прати играчите и топката, па тргна во соло акција. Потоа самиот се увери дека фудбалот не е така нежен спорт. Мечот се одигра во чест на легендарниот фудбалер на Тотенхем, Ледли Кинг.

Барем жолт за судијава

Сосема неочекувана слика од фудбалски натпревар, ни доаѓа од МЛС, од натпреварот помеѓу Чикаго и ДС Јунајтед. Судијата тргнува во напад за кој обично тој дели картони.

И Косово има тролови на трибини

Старата финта со имитирање на судијата деновиве ја видовме и во Косово. На навивачите на Беса им се здосади на трибина, па решија да се зезаат со помошникот.

Најпосакуваниот судија од Швајцарија

Италијанката Елена Тамбини доби сериозна конкуренција од швајцарскиот фудбал. Се работи за Аурелија Болиер која за сега не се решава да почне професионална кариера и ги разубавува само натпреварите кои се дел од аматерските лиги во Швајцарија.

Најпопуларниот судија во Италија

Запознајте го најпосакуваниот судија во италијанскиот фудбал. Сите сакаат овој делител на правдата да им свири на натпревар

Еден италијански судија заработува колку 75 наши

Иако на секој меч ќе слушаш како ти скандираат „судија педер“, оваа професија вреди да се работи, особено во италијанскиот фудбалски шампионат каде за неколку сезони може да се стане милионер. 

Навивач замени судија и во Шпанија

Пред неколку недели еден гледач се симна од трибини за да замени повреден судија во Шкотска, а викендов истото се случи и во Шпанија.

Зоран Предин премиерно во Офсајд

Трендо го објавува кога ќе му начека песна, Илина го објавува кога ќе му начека книга, а еве го начекавме и ние. Познатиот словенечки рокер натепа судија по натпревар од кошаркарскиот Еврокуп во Љубљана.

Што значи овој гест на судијата?

По некоја логика ние имаме три верзии за да ги објасниме овие реакции на познатиот англиски судија Мајк Дин. 1. Го мрзи да се враќа назад. 2. Навива за Свонси и Астон Вила. 3. Кисне во кладилница.

Навивач замени судија во шкотска втора лига

Натпреварот од шкотската втора лига помеѓу Думбартон и Ливингстон го одбележа повредата на главниот судија по што домаќините мораа да бараат замена на трибините.

Отсега играме без жолти

Естудијантес и Химнасија Ла Плата се големи аргентински ривали, па нивните дуели се „вжештени" дури и на пријателски натпревари, па судијата смисли многу добар начин како да спречи евентуални повреди.

Офсајд судија на неделата

Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.

Двоен прекршок на судијата

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Сандерленд синоќа беа дрва и во пенал рулетот промашија дури седум од вкупно 10 изведени удари од белата точка. Згора на се не добија прекршок од човекот кој наместо да им суди, ги фаулираше комично.

Двајца судии, еден килим

Како да им се осветиш на судии кои те оштетиле на хокеј натпревар? Само постели им килим и тие сами ќе се казнат.

Судија, пази отпозади!

Судијата на натпреварот од шпанскиот куп помеѓу Валенсија и Атлетико Мадрид ги научи опасностите од одењето наназад.

Офсајд судии на годината

Делителите на правдата во последниве 12 месеци беа мета на камерите во разни бизарни ситуации. Јадеа ќотек, клоцаа фудбалери, бркаа маскоти, судеа пијани. Се потрудивме да ги собереме на едно место најинтересните кои заслужуваат да влезат во нашата посебна рубрика на офсајд ликови.

Судија се снима ова!

ФИФА организациски е целосно посветена на Мундијалот во Бразил, но нека фрли око и кон помалите лиги на кои очајно им треба воведување на технологија на гол линијата. Топкава немаше абер да влезе, но за судијата тоа беше чист гол.

Прекинат натпревар заради пијан судија

Натпревар од англискиот куп бил прекинат на седум минути до крајот откако судијата се повредил, а човекот кој сакал да го замени бил видно пијан.

Најстрогиот НБА судија

Некои судии се строги при донесување на одлуки за фаул, а има и судии како Џои Крафорд кои се строги дури и со дечките што го бришат паркетот.

Црвен картон за маскотата

Маскотата на англискиот второлигаш Барнли заработи црвен картон од судијата на натпреварот против КПР.

Судиски „грабеж“

Уште еден судија на кого ќе му дадеме упат за на очно за да си го провери видот. Судијата на натпреварот од втората белгиска лига помеѓу Ројал Антверп и Гел, им подари пенал на гостинските фудбалери во последните моменти од продолжението. Бонус - голчиштето на домаќините.

Парагвајски фудбалски хаос

Фудбалски натпревар помеѓу парагвајски нисколигаши беше прекинат откако судијата доби ќотек затоа што исклучи еден гостински фудбалер, а потоа покажа уште три црвени картони. Еден од фудбалерите му зададе удар за каков би можеле да му позавидат и професионални каратисти.