
Главниот судија на натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Компостела во шпанската трета лига се пожали на повреда во 66-та минута, а не му помогна ниту интервенцијата на физиотерапевтите.
Тој не беше во можност да продолжи да суди, по што настана проблем. Еден од линиските судии го замени главниот, но на натпреварот немаше четврти судија за да го замени линискиот.
Очајните домаќини преку разгласот на стадионот побараа нов судија, а за нивна среќа на трибините бил и лиценциран делител на правдата кој бргу слезе на теренот и го спаси натпреварот по 12 минутниот прекин.