На натпреварите од пониските лиги во Шкотска нема четврти судија, но челниците на федерацијата добро ќе подразмислат да воведат резервен делител на правдата по непријатната ситуација со среќен крај која се случи дуелот од Чемпионшипот.
При резултат 0:0 во 50-та минута од натпреварот помеѓу Думбартон и Ливингстон, главниот судија Стиви О'Рајле се пожалил на повреда, по што натпреварот бил прекинат.
Домаќините биле приморани преку разгласот на стадионот да бараат нов судија. За среќа еден од гледачите бил лиценциран судија аматер и тој веднаш слегол на теренот.
Гледачот заменил еден од линиските судии кој бил прекомандуван во главен делител на правдата. Аматерот добро си ја завршил својата работа, а натпреварот на крајот завршил со резултат 2:2.