Таг: шведска

Украина оди во четвртфинале со гол во 121-ва минута

Четврти осминафинален натпревар кој отиде во продолженија, што е рекорд во историјата на нокаут мечевите од ЕП. Овој пат беше решен во последните мигови со гол на Артем Довбик кој погоди за 2:1 и закажа битка со Англија. Ги искршија стативите во регуларните 90 минути.

Шева - Ибра 2:1 во последното соочување на Шведска и Украина

Шведска и Украина вечерва ќе имаат тешка и веројатно израмнета битка во која е тешко да се утврди фаворит. Последен пат се сретнаа во групна фаза на ЕП 2012. Тогаш испаднаа и двете селекции во групи, бидејќи се најдоа во друштво на Франција и Англија.

Фредагсмис: шведското петочно релаксирање

Во повеќе земји пандемиските мерки се олабавуваат, и полека (ќе) се враќа ноќниот живот. Но шведскиот концепт предвидува поминување на петочните вечери на тросед, и тоа не со харинги.

Мистериозните звуци на советски подморници коишто излегло дека се - гасови од харинги

Приказната е истовремено и смешна и неверојатно индикативна за начинот на кој функционира когнитивната дисонанца - и на лично, и на колективно ниво. 

Прекрасно шоу на навивачите за 130 години АИК Стокхолм

Шведскиот трофеен клуб АИК од Стокхолм синоќа прослави јубилеј 130 години од своето основање. За овој голем настан, навивачите приредија спектакл во главниот град.

Медицинска сестра ќе биде единствената публика на филмски фестивал на далечен остров

Швеѓанката Лиза Енрот била избрана од 12.000 апликанти, кои посакале да гледаат раат филмови на островот Патер ностер.

Тежок пораз на стартот, Шведска пресилна за младата Македонија

Подмладениот тим, без Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Борко Ристовски, предводен од капитенот Лазаров и Стојанче Стоилов го забележа првиот пораз на Светското првенство 2021 во Египет. Убедливо изгубивме 32-30 (16-11) од 4-кратниот светски првак.

Јохан Флинк за Офф.нет: „Шведска е десеткувана, без ниеден заеднички тренинг ни меч“

Специјалистот за ракомет Јохан Флинк, новинар во шведскиот SportBladet очекува Швеѓаните да ја пројдат првата фаза, но после да имаат потешкотии за пласман во 1/4 финале. Добро ја познаваат Македонија и очекуваат тежок дуел.

Што, каде, кога, како - сè што треба да знаеме за ракометниот Мундијал

Во среда од 18 часот со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле се отвора Светското првенство во ракомет, прво во историјата со 32 учесници. Ќе се игра од 13 до 31 јануари. Без гледачи.

Неверојатен гол на Бесард од своја половина

Синоќа по цел свет се одиграа стотици натпревари во разни натпреварувања и паднаа стотици голови. Еден од поубавите во шведската прва лига го даде Бесард Сабовиќ кој ги постави конечните 2-2 на мечот Елфсборг - Мјалби.

Нема поинтересно од тоа кога голман ќе даде гол во 90-та минута

Во најдобрата фудбалска лига на Шведска, Хелсинборг во неделата му гостуваше на Фалкенберг. Гостите губеа 2-1 кога поранешниот резервен голман во Манчестер Јунајтед, Андерс Линдегард со глава во стилот на врвни центарфори дава гол за 2-2 во 90-та минута.

Шведска упорно отворена и упорно стабилна

Земјата нема затворено ниту училишта, ниту вежбални, ниту кафулиња или ресторани, но ги има замолено граѓаните да се однесуваат одговорно и да следат правила за социјално дистанцирање. И за сега ништо апокалиптично не се случи во земјата.

Златан тренира максимално со неговиот клуб, во Шведска нема строги мерки

Во Италија сезоната е прекината веќе повеќе од еден месец, а играчите од странство добија дозвола да се вратат дома. Златан на време се прибра во Шведска и формата ја одржува во Хамарби.

Ова што му го направивте на Ибра има влијание ко ланскиот снег

Група навивачи на шведскиот клуб Малме, го изразија својот гнев што нивниот миленик до вчера, Златан Ибрахимовиќ купува 50% од акциите на клубот Хамарби. После капакот од вц шолја, сега запалија неколку бакљи врз неговата статуа. И што со тоа?

Шведска ја прекина истрагата против Асанж за силување

Иако обвинувањата за силување се „кредибилни“, нема доволно докази за да се осуди основачот на Викиликс, изјави шведскиот обвинител.

Шведска има многу нешведска година

Минатиот месец во една ноќ во Стокхолм имаше 3 експлозии на бомби. Просекот на експлозии во градот е од Втората светска војна до пред некое време е - ниедна.

Ја видовте ли парадата на Де Хеа?

На гостувањето кај Шведска, Шпанците играа одличен фудбал, имаа посед на топка и неколку шанси, ама Швеѓаните поведоа први преку Берг во 50’ минута. Голем бод на Шпанија и донесе Родриго во 90+2’, ама и Де Хеа кој пред да излезе поради повреда во 60’ минута, бранеше добро.

Во Њујорк има Статуа на слободата, а во Малме поставија статуа на Златан

Во 2016 година Ибрахимовиќ се пошегува дека нема да замине од ПСЖ под еден усов: ако наместо Ајфеловата кула во Париз, се појави негова статуа. Набрзо замина во Манчестер.

Златан до шведскиот селектор: „Се покака во гаќи, па викна мигранти во репрезентација“

Шведската јавност речиси секогаш е на страната на Ибра, со кого и да е во конфликт, но овојпат ситуацијата е спротивна. Селекторот Јане Андерсон е вербално нападнат од Ибра, а Швеѓаните го бранат.

Човекот кој си играше со оган: нова книга за Стиг Ларсон

Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.

ИКЕА упатство низ шведскиот правен систем

Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од  американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.

Безготовинска Шведска побара од Швеѓани да прават резерви од кеш

Лагодноста на користење безготовински начини на плаќање од картици до телефони и што сè не, направи во Шведска да можеш да видиш банкнота само во музеј, и тоа веќе им станува проблем на ниво на национална безбедност.

Америка има повеќе милионери отколку што Шведска има луѓе

Минатата година бројот на богати домаќинства во САД постигнува нов рекорд, отприлика исто колку целото население на Шведска или Португалија.

Македонецот од Шведска кој важи за бисер на Аталанта

Дејан Кулушевски е роден на 25 април 2000-та година во Стокхолм. Нашата федерација имаше неколку обиди да го привлече да заигра за Македонија (му пратиле потпишан дрес од Пандев), тој во 2016-та настапи за репрезентацијата U-16, но подоцна решил да го носи дресот на Шведска.